Од денеска се активни два нови огласи за самовработување и вработување за млади до 29 години

Заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во денешното гостување на Радио Слободна Македонија најави два нови огласи за самовработување кои што почнуваат денеска.Во текот на денешниот ден започнува јавниот повик за 2 нови мерки.
-Станува збор за кредитирање за самовработување за млади до 29 години, како и кредитирање за отворање на нови работни места во постоечки компании за млади до 29 години. Овие мерки имаат уште поповолни услови од оние кои беа до сега. Имемно, секое млад лице до 29 години може да земе кредит од 7.500 евра со грејс период од 1.5 година и со 1% камата. Додека пак за отворање на нови работи места може да земе кредит по 4.000 евра. За оваа мерка се обезбедени вкупно 23.000 евра, појасни Спасов.
За компаниите кои сакаат да вработат млади до 29 години, истите можат да искористат по 4.000 евра за ново работно место.
-Односно максимум 12.000 евра за 3 нови работни места. Овие мерки беа дел од нашата предизборна програма кои започнавме да ги реализираме уште во првите 100 дена. Изминатиот период 500 млади лица се самовработија, а оваа година повторно обезбедивме средства за 4-те мерки, односно околу 72.000 евра се на располагање, додаде Спасов.Во текот на денешниот ден започнува јавниот повик за 2 нови мерки.
-Станува збор за кредитирање за самовработување за млади до 29 години, к

Пронајдете не на следниве мрежи: