Во прилог Ви го пренесуваме интегралниот текст од обраќањето на г. Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Младински културен центар каде што се промовираа нови мерки за младите. Почитувани присутни,
Зборот е збор и има вредност само доколку се испочитува. Ветувањето има вредност само доколку се преточи во дело. Нашите ветувања се цврст договор со граѓаните.
Во изминатиот период од два месеци излеговме со 14 значајни ветувања за младите на чија реализација работиме. Тие се нашиот фокус и еден од нашите најзначајни приоритети. Секоја инвестиција на државата во младите луѓе, е инвестиција во својата иднина, во својот развој и во обезбедувањето на капитал кој е трајна вредност која се исплати неколкукратно.
Сите мерки и проекти кои ги објавивме во изминатите два месеци стануваат реалност. Со нас знаете дека сте на сигурно и дека ние ветеното ќе го реализираме. И ние покажавме дека точно знаеме што ветуваме, и колку ветуваме. Одмереноста е одлика на сериозноста со која ние пристапуваме, но и искрениот однос кој го имаме. Нас ни е целта да обезбедиме сигурност и решавање на конкретни проблеми. Затоа говориме и за рокови, говориме за конкретни работи кои се од корист за оние за кои се наменети.
Сакаме на младиот човек да обезбедиме решавање на неговите најкрупни прашања, па затоа го ветивме и започнавме да го применуваме проектот Купи Куќа за млади, кој под исклучително поволни услови, каде во ниту една друга држава во регионот и пошироко не се нудат, се овозможува младите до 35 години да си го решат стамбеното прашање и да дојдат до свој дом, до своја куќа. Нас целта ни е понуда на проекти кои реално ќе се искористат и затоа во 33 општини низ државата веќе отворивме канцеларии во кои граѓаните поблиску ќе може да се информираат за користите што ги нуди најновиот проект и досега веќе неколку илјади млади луѓе се заинтересираа и ги посетија овие канцеларии за да се запознаат со деталите на оваа можност. А продолжуваме да работиме со општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во насока на стимулирање и понуда на локации за изградба на типски населби, со најмалку или повеќе од сто куќи, каде младите ќе може преку проектот купи куќа за млади да дојдат до свој дом, под исклучително и неповторливо поволни услови
Обезбедивме и работиме на реализација на мерките за студентите.
Мерката која ја ветивме за бесплатен превоз за сите редовни студенти од државните универзитети во јавниот градски сообраќај, секој ден во неделата, на сите линии, веќе активно се применува. И во првиот месец на примена, над 12 500 студенти започнале да ја користат и овој број постојано расте, и можам да соопштам дека само во првите три дена од месец февруари овој број се зголеми за нови илјада студенти и веќе станаа вкупно 13 540 кои извадија соодветна документација и го користат бесплатниот превоз. А истиот огромен интерес е и за мерката средношколска среда со кој се обезбедија бесплатни билети за театрите, за музеите, кината и бесплатен превоз на жичарницата на Водно за средношколците.
Како што ветивме, веќе се предвиде во програмите на министерството и се направија сите подготвителни активности, за мерката со која се обезбеди бесплатно наградно патување за најдобрите студенти на трите најдобро рангирани универзитети во Република Македонија кои се пред дипломирање и веќе во мај – јуни оваа година ќе отпатува првата група студенти на една од трите предвидени дестинации, Париз, Венеција и Барселона.
За студентите ветивме и изградба на перални и сушални во 10 те државни студентски домови со што ќе задоволиме една долгогодишна нивна потреба и барање за што започнаа првите планирања и ќе започне со опремување веднаш на почетокот на 2017-та година, а исто така започнаа и првите координативни состаноци за реализација на проектот Инвестирај во својата иднина со кој ќе овозможиме стипендии за постдипломски и докторски студии.
Истовремено работиме и на ветените проекти кој ќе овозможат погодности и се еден вид финансиска потркепа на младите. Во таа насока веќе се прават неопходните подготовки за започнување на проектот за бесплатен железнички викенд кој ќе започне да се применува согласно планираното од наредниот месец. Со ова младите до 27 години ќе имаат можност за добивање на бесплатен повратен билет кој ќе може да го користат во железничкиот сообраќај, секоја прва и трета недела од месецот од петок 12 часот на пладне до понеделник исто така 12 часот напладне. А воедно, како што и ветивме, претходно се направија подготовките и веќе до крајот на овој месец, во последната недела од февруари ќе биде објавен и огласот за бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици за млади до 29 години и почнувајќи со овој проект од март 2016 година, 2000 млади лица ќе бидат вклучени во обуките и тоа 1000 лица за компјутерски и исто толку за јазични вештини, изучувајќи ги некои од светските јазици кои се најпотребни во моментов на пазарот на труд.
Активно се работи во центарот на градот Скопје на зградата каде ќе биде сместена големата мултифункционална читална во Скопје, со библиотека во неа, како и новото матично кое го ветивме. Во таа насока веќе од оваа сабота, за прв пат ќе започне да се користат и новите алтернативни ексклузивни простории- на Музејот на македонската борба, каде ќе се случи првата регистрација на брак, како и во просториите на Порта Македонија.
Исто така надлежните институции ги превземаат првичните активности на планирање и кординација за реализација на проектот за изградба на 150 мултифункционални баскет игралишта, нов мега проект со кој младите ќе добијат нов простор и можност за спортување, како и изградба на фитнес зони во 18 општини во државата кои ќе започнат да се градат оваа есен.
Министерството за култура веќе започна и со планирање на комплексниот процес за комплетно реновирање на читалналните и другите простории на
Универзитетската национална Библиотека свети Климент Охридски во Скопје, а министерството за образование и наука почна со подготвителни активности за отворање и опремување на нови читални во Струмица, Аеродром и Велес.
Зад секој од овие проекти стои детално разработен план кој ќе се спроведе од надлежните институции раководени од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија.
Денес дозволете, да објавам нови проекти за младите кои имаат реална и конкретна вредност.
Првиот проект е вработување на 100-те најдобрите студенти на додипломски студии, значи автоматско, законско, дирекно вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии.
Со оваа мерка, најдобрите 100 веднаш по комплетирање на своето образование ќе добијат работа и сигурна егзистенција. Ова е најсилен поттик за оние кои се трудат и инвестираат во своето образование.
Со оваа мерка се предвидува најдобрите студенти на додипломски студии од секоја учебна година кои дипломирале на државните универзитетите во Македонија, да бидат вработени во јавната администрацијата, акционерските друштва каде државата има доминантна сопственост или пак некоја соодветна на образованието јавна установа.
Ќе се изготви посебна методолигија за рангирање кое ќе се врши согласно:
-просечната оценка во текот на студирањето и тоа ќе има вкупно околу 70% удел во конечното рангирање на студентот;
-поседување на меѓународен сертификат за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски
Тестатор, при што поседувањето на ваков сертификат ќе има удел од вкупно 20% во рангирањето на студентот,
-Како трет критериум ќе биде брзината на завршување на додипломските студии
Во предвид ќе бидат земени најдобрите студентите од петте најдобро рангирани државни универзитети. Колку е повисоко рангиран универзитетот, толку повеќе работни места се гарантираат за студентите коишто дипломирале на истиот. Па така секоја година од прво рангираниот универзитет ќе се вработуваат 30 – те најдобри студенти, второ рангираниот 25- те најдобри студенти, трето рангираниот државен универзитет 20 најдобри студенти, четврто рангираниот 15 и петто рангираниот државен универзитет 10 најдобри студенти.
Во критериумите покрај останатото ќе биде и елементот на тоа колку испити студентот има положено кај професор кој што има повеќе од два труда објавени во меѓународни списанија со импакт фактор.
За оваа цел ќе се пристапи кон измени и дополнувања на Законот за административните службеници како и други посебни закони, и донесување на подзаконските акти во кои ќе се предвидат критериумите за определување на најдобри студенти;
Ова ќе се реализира во заедничка соработка на Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за образование и наука, и ќе започне да се применува од август 2017та година и ќе биде еднаш годишно вршење на селекција.
Оваа мега мерка ќе биде сериозен стимул за најдобрите, за најстручните и најспособните студенти кои решиле да се посветат на своето образование, затоа што тоа е најдобриот клуч за успехот во животот на секој поединец и негов најголем капитал. Овие луѓе ќе имаат сигурна и гарантирана егзистенција, и ќе може да ја градат својата иднина во Република Македонија.
Вториот проект кој ќе го реализираме е проектот наречен “Млади амбасадори” со кој на средношколците, кои доколку освојат награда на една од 12-те меѓународни научни олимпијади ќе им се додели стипендија во текот на 12 месеци по освојувањето на наградата. И тоа:
-За освоен златен медал, по 12 000 денари месечно секој месец во текот на целата година
-За освоен сребрен медал, 10 000 денари месечно секој месец во текот на целата година
-За освоен бронзен медал, 8 000 денари месечно секој месец во текот на целата година
Истата награда што ќе ја прима ученикот ќе ја прима и наставникот по математика кој што го водел ученикот и го оспособил до тоа ниво да може да освои таква меѓународна награда.
Постојат 12 интернационални научни олимпијади коишто се одржуваат на годишно ниво во различни научни области и за успех во секоја од овие олимпијади ќе биде доделна оваа соодветна стипендија. Овие натпреварувања се дизајнирани на тој начин што од секоја држава учествуваат од 4 до 6 средношколци во зависност од форматот на натпреварувањето. Учесниците на овие интернационални научни олимпијади се избрани според остварениот резултат на одржаната национална научна олимпијада во Република Македонија.
Исто така како мотивација и стимулација на учесниците на олимпијадата на сите средношколци кои ќе успеат да освојат прво/второ/трето место ќе им биде доделен и вредносен ваучер во висина од 30.000 денари кој ќе служи за набавка на потребната техничка опрема, а со цел усовршување во областа за која тие се талентирани.
Реализацијата на проектот ќе ја спроведе Министерството за образование и наука, а примената на овој проект ќе стапи од октомври оваа година.
Третиот проект е изградба на нови скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово
Со овој проект ќе се изградат нови скејт паркови во кој младите кои се занимаваат со екстремни спортови ќе можат да ги развиваат своите вештини како и нивните врсници во Европа и во Светот. Во овие паркови ќе има повеќе рампи за возење и скокалници кои ќе можат да се користат.
Скејт паркот ќе биде изработен со:
-Специјална подлога ( мазен специјален бетон поради поголема безбедност)
-Водоотпорен мазен неклизачки шперт
-И дрвена конструкција
Агенција за Млади и Спорт во соработка со единиците на локалната самоуправа, со општините, ќе започне со градба од наредната 2017та година, откако претходно ќе бидат извршени сите неопходни подготовки. Инаку во градот Скопје беше изграден еден ваков скејт парк, и поради огромниот интерес и искористеност се одлучивме за проширување на ваквиот проект и изградба на нови 5 скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово. При реализацијата на проектите мошне значајна ќе биде отвореноста за соработка на општините.
Четвртиот проект е возобновување, повторна изградба на нешто што некогаш постоело, на уникатниот отворен амфитеатар со 9 000 седишта во локалитетот Скупи во рамките на Скопје.
Амфитеатарот е еден од најзначајните објекти од римскиот период во Македонија и еден од најголемите од овој тип на Балканот и пошироко. Се наоѓа во рамките на археолошкиот локалитет Скупи, прогласен за споменик на културата од прва категорија. Досега во повеќе наврати се вршени сондажи, археолошки истражувања, а во периодот 2013-2015 год. се извршени и првите систематски археолошки ископувања.
Според некои проценки на научните работници се смета дека амфитеатарот можел да прими помеѓу 8 000 и 10 000 гледачи. Според архитектонското обликување и елементи, како и стилот на мермерните украси, театарот бил изграден во времето на Хадријан – прва половина на II век н.е. Тоа е дополнително аргументирано и со историски податоци, односно веројатната посета на самиот Хадријан во Скупи во периодот меѓу 121 – 125 год. н.е.
Остатоците од овој археолошки локалитет за прв пат се откриени некаде во 60-тите години од минатиот век, но досега не биле преземани никакви активности за нивно подлабинско истражување, а уште помалку за реставрирање, односно обнова – нова изградба.
Целта на проектот кој ќе се реализира е целосна реконструкција, врз основа на сочуваните архитектонски елементи и преку аналогија со театри кои се блиску со амфитеатарот во Скупи, со што би се овозможило ревитализација на објектот и негова презентација пред пошироката културна јавност преку одржување на културни манифестации со капацитет од 9 000 седишта. За оваа цел веќе Министерството за култура изработи проект, а возобновувањето на отворениот амфитеатар ќе започне во првата половина на месец април, оваа година, откако претходно треба успешно да завршат сите тендерски процедури за избор на изведувач на градежните работи, затоа што проектот веќе го завршивме. За оваа цел ќе бидат инвестирани околу 8.5 милиони евра и ова е објект каде што најчесто ќе се собираат млади луѓе бидејќи најголем дел од културните манифестации во овој отворен амфитеатар ќе бидат музички концерти.
Инаку веќе се врши конзервација на сценската зграда и како трета фаза ќе следува изработка на сценската зграда, односно обнова на сценската зграда. која ќе биде на иста висина со гледалиштето и за оваа намена во наредните 4 до 5 месеци ќе се изработува проектот, потоа ќе следува избор на изведувач при што до крајот на оваа година ќе започне и изградбата на оваа сценска зграда.
Со ова граѓаните, пред се младите во Скопје, но и во цела држава ќе добијат еден уникатен и исклучително впечатлив објект кој ќе биде и еден вид на туристичка атракција, а ќе може да се користи за различни намени, музички концерти на отворено, мултимедијални манифестации, претстави и слично. Овој проект ќе биде единствен од овој карактер во целиот регион, ќе биде збиралиште на млади луѓе, кои сакаат забава, музика, култура. За споредба на големината на овој амфитеатар, оној што веќе го имаме во Охрид е со седишта на број 3.500. Новиот во Скопје ќе биде со 9.000 седишта и ќе биде со големина како што бил во времето кога некогаш бил изграден и постоел.
Петтиот проект е комплетно реновирање на градската библиотека Браќа Миладиновци во Скопје. Сo проектот за реконструкција се предвидува ставање во употреба и на вториот кат од градската библиотека „Браќа Миладиновци“ кој што долг период е вон функција, што ќе го зголеми капацитетот за над 200 места за користење на библиотеката. На вториот кат ќе бидат во функција и кабини за индивидуално учење и простории за групно учење. Ќе има на располагање и просторија со 10-тина компјутери. Дополнително покрај целосната реконструкција на вториот кат, ќе се изврши и реконструкција на дел од просториите на првиот кат и нивна пренамена за да добијат студентите подобри услови за учење. За оваа намена градот Скопје ќе инвестира 300.000 евра, а реконструкцијата ќе започне во јануари 2017-та година.
Шестиот проект е целосна реконструкција и ставање во функција на Офицерски дом – Битола. Во изминатиот период токму околу овој објект се крена големо внимание. И би сакал да истакнам и да е совршено јасно, ние никогаш не би превземале ниту еден чекор со кој би наштетиле на граѓаните, ниту пак да се затвориме и да не го слушаме нивното мислење. Нивните потреби, ни се најважни и затоа ние сме отворени и затоа младите во Битола, и сите битолчани ќе добијат репрезентативна и целосно реконструирана зграда на офицерскиот дом. Го слушаме гласот и волјата на битолчани. Тоа се 2000 метри квадратни корисна површина, со над 19.000 м2 дворна површина.
Министерството за транспорт и врски ќе го препушти на владение на општината Битола, која во соработка со Владата ќе изврши целосна реконструкција. По реконструкцијата битолчани, а пред се младите ќе добијат зграда која има историска и културна вредност, но и место каде ќе биде сместено новото матично одделение односно, односно новата матична служба во Битола, односно една репрезентативна сала за регистрација на брачните парови. Покрај ова ќе преостане и друг голем слободен простор, за кој ќе оставиме самите битолчани да одлучат за што ќе се користи.
Што би можело таму да има? Опции, варијанти, за кои на крајот ќе се
произнесат битолчани, за нив или за некои други – би можело да биде:
– мултимедијална сала за концерти, престави и филмска уметност.
-Музејска поставка oд илинденскиот период и препознатливиот конзулски период во Битола,
-Туристички-информативен центар, инфо центар и арт кафе,
-како и мултимедијален простор за прес конференции, тркалезни маси, ликовни изложби, саеми на занаети и ракотворби.
-Истовремено тоа би можело да е адекватен простор за неколку манифестации препознатливи за Битола како Фестивалот Браќа Манаки, Бит Фест и Интерфест Битола.
-Простор за алтернативна сцена за млади бендови и театарски престави,
-Летна сцена за староградска музика
-или некои други можни идеи.
Сепак би нагласил уште еднаш, за преостанатиот дел од просториите на офицерскиот дом и начинот на кој ќе се користат ќе одлучат самите битолчани.
Земајќи ја во предвид историската компонента, напластената традиција, архитектонскиот стилски израз и градба од почетокот на 20-от век кој ја прави атрактивноста на Офицерскиот дом Битола ова ќе биде чекор со кој битолчани ќе добијат еден одличен и корисен простор.
Општинатa Битола веќе има изработено проект и ќе треба да ги преземе сите неопходни процедури за избор на изведувач и кон крајот на оваа година, односно почетокот на идната година, откако претходно ќе се усогласи што всушност внатре ќе биде сместено, ќе го изведе проектот и ќе започне со градежен зафат. Почетната инвестиција се проценува на околу 2 милиони евра.
Овие 6 заедно со преостанатите 14, се вкупно 20 проекти кои ги понудивме за два месеци. 20 големи проекти за 2 месеци, за младите, за нивните потреби, за нивната корист и за нивниот интерес.
Еден мудар човек рекол: поддржете ги младите луѓе, бидејќи тие кога ќе пораснат ќе бидат оние што ќе го сменат светот. Секој од вас ја носи таа промена, секој од вас е индивидуа која одлучува самостојно. Промените во образованието, културата, спортот, можеби нема секогаш да донесат брзи резултати, но сум повеќе од сигурен дека тие ќе бидат неминовен процес кој ќе се случува и кој носи нови вредности.
„Не се обидувајте да станете само успешни личности, туку трудете се да станете личности со вредности“, рекол Алберт Ајнштајн. Вредностите се градат со колективна свест, со поединечен труд кој е вреднуван и со сестрана поддршка која ние како политичка опција ја обезбедуваме и продолжуваме да ја обезбедуваме.
Поставуваме стандарди кои се високи, а со тоа сум сосема свесен и дека очекувањата на граѓаните се уште поголеми. И со право тоа е така. Граѓаните очекуваат решавање на предизвиците со кои тие се соочуваат, и затоа ние сме тука да работиме на нивно надминување, затоа што секој од вас, секој граѓанин на оваа држава заслужува подобра иднина. Затоа и ние заедно со вас, со граѓаните ја пишуваме и најголемата и најсеопфатната програма со која ќе излеземе на овие избори.
Ние нашето време нема да го трошиме на користење на апстрактни поими и применување на гола реторика што за жал за нашите конкуренти е веројатно главна преокупација и главна одлика. Ние нашето време го користиме за работа и нудење на проекти, тоа е ВМРО, работа и проекти и затоа граѓаните не’ гласаат и не’ подржуваат во мнозинство, поради нашите дела, поради нашата работа. Ние не гледаме како може нешто да закочиме и уназадиме, туку како да помогнеме и да унапредиме. Тоа е разликата. Ние и така ќе продлжиме, а јас сум уверен дека граѓаните тоа најдобро знаат да го ценат. Ние, сите ние немаме друг начин и друг пат од тој Македонија да оди напред. И јас сум сигурен, повеќе од убеден дека граѓаните на Македонија громогласно, силно и одлучно ќе се одлучат за напредок, затоа што Македонија има иднина. Младите, тие се нашата заедничка иднина.
Да сте живи и здрави!Почитувани присутни,
Зборот е збор и има вредност само доколку се испочитува. Ветувањето има вредност само доколку се преточи во дело. Наши