Од Ламанш се вади германски бомбардер соборен 1940-та

Откако 73 години вил закопан во песокот на длабочина од 15 метри пред брегот на грофовијата Кент во југоисточна Англија, на површината ќе биде изваден лесниот германски бомбардер од моделот „Dornier Do 17“ кој британските ловци го собориле во 1940 година во воздушната битка за Британија.Авионот бил откриен од нуркачи сосема случајно во 2008 година. Во моментов се подигнува платформа и „кафез“ од метални цевки околу остатокот од авионот за да се спречи леталото да се прекрши и да се распадне при подигнувањето на површината и неговото натамошно транспортирање. Авионот ќе биде реставриран и изложен во музејот на британските воздухопловни сили во Лондон.При испитувањата со сонар беше откриено дека трупот и крилата на авионот се цели, гумите на тркалата сé уште се напумпани, додека пропелерите на овој двомоторен авион се забележува оштетување од падот во морето откако најверојатно бил погоден од некој ловец „Spitfire“ на кралските британски воздухопловни сили RAF.Авионот од типот „Dornier Do 17“ наречен уште и „летечко пенкало“ или на германски јазик „Fliegender Bleistift“, поради неговата тенка и издолжена линија, бил брз и лесен двомоторен бомбардер, идеален за ненадејни напади и врз непријателски територии, благодарејќи на неговата линија и подвижност, а бил многу помалку ранлив од нападите на ловците и противвоздушната артилерија отколку тешките бомбардери од типовите „Heinkel“ и „Junkers“.
МакфаксОткако 73 години вил закопан во песокот на длабочина од 15 метри пред брегот на грофовијата Кент во југоисточна Англиј

Пронајдете не на следниве мрежи: