Од машки агол: 5 причини зошто нема да те оженам, па дури и да ми платиш!

Исповед од маж кој се зарече дека никогаш нема да се ожени.Имам 35 години и никогаш не се оженив. Не се женам. Единствено нешто што може да се промени во иднина е уште повеќе да не сакам да се женам. Еве 5 причини зошто е тоа така.
Не ја гледам поентата: Во што е финтата со бракот? Само најголемиот губитник може да поверува дека на тој начин добива редовни сесии на секс. Пред се, тоа не е вистина, а освен тоа, делува малку страшно да се размислува на таков начин. Имам доволно секс и без тоа, благодарам на прашањето. Да се окончи врската пред Бог, семејството, пријателите, државата.. Не, за тоа не ми е гајле. Приказни за мали деца. Се што должам, си должам на себе. Сите го прават тоа? И за тоа не ми е гајле.
Мртва спална: Општо познат факт е дека со почетокот на бракот престанува и редовниот секс. Во тоа ме убедија многуте тажни искуства на моите пријатели и познаници. Се оженија и со неверување гледаа како нозете на нивните прекрасни сопруги се затвораат, а сексот пресушува и станува исклучок. Не знам што е тоа во врска со бракот што ја убива желбата за секс, но знам дека тоа не е она што го сакам.
Законот не е на моја страна: Не ми е заповедано да мислам дека еден ден мојот брак, таа светост може да заврши, но помислив токму на тоа, и со помош на логиката истовремено се обидов да предвидам што ќе се случи понатаму. Знаете што? По бракот, се оди кај неа. Децата одат кај неа. Добар дел од мојата заработка оди кај неа, а посебно ако имаме кревки деца. Во пракса, тоа значи дека таа има силен мотив да прави што ќе посака, штом помине извесен период на време во брачниот живот. Јас го немам тој луксуз. Можам да изгубам се и да не добијам ништо. Заради тоа, и на многу други работи велам: „Не, фала“. Размислувам со главата, а не со срцето.

Моногамијата е ср*ње: Моето срце е големо, а вкусовите неограничени. Во мене има многу љубов, дури и премногу за да се ограничам само на една особа до крајот на животот. Звучи романтично, но во пракса е поинаку. Бракот е за млади луѓе кои не размислуваат премногу, еднаш кога ќе почнат, ги сфаќаат своите грешки но тогаш е доцна. Јас го избегнав тој куршум, и сега уживам во слободата што е непоимлива на другарите со бурма на рака. Теретана? Како и да е. Девојка од 18 години? Секогаш. Пијам секоја вечер? Па што? Имаш нешто против? Секако дека е така, но тоа не е мој проблем.
Бракот е застарена институција која служи како еден вид контрола: Нема добар начин да се каже ова. Во 20 век луѓето со помош на бракот полесно се држеле под контрола. Сега имаме интернет, се приближуваме до колективниот ум и има се помалку тајни. Жените изневеруваат, исто како и мажите. Се дебелеат, лажат и стануваат неподносливи. Да се закопаш покрај него цел живот се помалку делува како рационална одлука. Кога ќе го направиш тоа дете, „можам“ станува „морам“, и тоа едноставно не е компромис што сум спремен да го направам. Повеќе од половината бракови завршуваат со развод. Не би ставил половина од своето име, живот и среќа на таков ризик. Заради тоа, и уште многу вакви причини, нема да те оженам ни да ми платиш. Да, ќе направам деца, ќе ја исполнам мојата задача како маж, но венчавка нема да има.Имам 35 години и никогаш не се оженив. Не се женам. Единствено нешто што може да се промени во иднина е уште повеќе да не сакам да се женам. Еве 5

Пронајдете не на следниве мрежи: