Од рушевините никнаа палати: Еве што се случува во Куманово една година подоцна

Она што прво може да се забележи е дека населбата наликува на едно големо градилиште. Цигли, песок и мешалки на сите страни. Речиси сите куќи што беа оштетени за време на престрелките помеѓу македонските безбедносни сили и терористичката група се обновени, пишува Телеграф.мк.Една година по трагичните настани во кумановската Дива населба животот е вратен во нормала. Улиците раздвижени, продавниците отворени, ништо не потсеќа на она што се случуваше на деветти и десетти мај кога буквално сите беа скриени во своите домови и ги слушаа пукотниците што доаѓаа од сите страни уште од рано утрото.
Тогаш во целиот град се чувствуваше страв и неизвесност и на многумина им се вратија спомените од воениот конфликт од 2001 година.
Сега речиси никој не сака да зборува за она што се случи. Телеграф.мк беше во Дива населба за да поразговара со жителите  дали настаните оставија траги во секојдневниот живот.Велат дека тука никогаш не се гледало кој е Македонец а кој Албанец, но и дека не можат да разберат како е можно во населбата да влезе терористичка група со цел арсенал оружје, а тоа никој да не го забележи. Сигурно имале логистика од некои од локалните жители, кои сакаат да го нарушат соживотот во градот.
Она што прво може да се забележи е дека населбата наликува на едно големо градилиште.Цигли, песок, мешалки на сите страни. Речиси сите куќи што беа оштетени за време на престрелките помеѓу македонските безбедносни сили и терористичката група сега се реновираат.
Пред секоја куќа во слепата каллива улица каде што се случуваа најжестоките борби има мајстори. Старите куќи се урнати, а ги нема ни високите огради, кои се карактеристични за албанските средини.На местото на трошните куќи сега има палати од по неколку ката. Се забележува дека се правени плански и со стил, за разлика од претходно кога имаше по неколку куќи во еден двор и кога без да излегувате на улица можеше да отидете на гости кај соседот. Токму тоа го користеа терористите за време на борбите кога лесно ги менуваа локациите.
Веднаш по борбите лани беше направена процена на штетите на секоја од куќите и за износот што требаше да го добијат. Најголем дел од објектите беа делумно оштетени и можеше да се санираат, некаде само страничните ѕидови беа со дупки од куршуми, а само неколку беа целосно разрушени. Но речиси сите сопственици се решиле да ги градат од почеток, иако се жалат за сумата што ја добиле и која според нив не е доволна.
– Добивме само 12.000 евра, што е многу малку. Решивме да ја градиме куќата од темел бидејќи не беше за живеење. Парите не беа доволни и многу ни помогна синот кој живее во Швајцарија – рече Фатмир за Телеграф кој будно ја надгледувал работа бидејќи сакал куќата да биде готова пред синот да се врати на одмор во родниот крај.Од сите куќи што беа оштетени само еден сопственик се пожали дека не добил ниту денар, иако се забележуваше дека неговиот дом е со огромни кратери. Кога го прашавме зошто не добил пари, ни рече дека добил одговор дека не ги исполнува условите и оти се надева дека и тука политиката не замешала прсти и дека и нему ќе му дојде ред да го санира својот дом и да го врати семејството кое сега е сместено кај роднини, пишува Телеграф.мк.
Извор/Фото: Телеграф.мк
 Една година по трагичните настани во кумановската Дива населба животот е вратен во нормала. Улиците раздвижени, продавниците отвор

Пронајдете не на следниве мрежи: