„За ордените на Јованка Броз, никој ништо не ме известува. Се плашам дека тие исчезнаа засекогаш“, вели Нада Будисављевиќ, сестра на Јованка Броз, коментирајќи го фактот дека после еден месец не се знае ништо за ордените на вдовицата на Тито кои беа украдени по погребната церемонија во „Куќата на цвеќето“. Таа посочува дека полицијата двпати ја испитувала за ордените.
„Тоа беше многу непријатно, како јас да сум ги украла. Сѐ се случуваше непосредно после погребот“, вели Нада Будисављевиќ.
Ниту во Музејот на историјата на Југославија, во чиј рамки е „Куќата на цвеќето“, не знаат ништо за ордените, ниту за тоа до каде е истрагата.
Српската полиција вели дека истрагата е во тек и дека не може да откриваат детали. Не се знае дали има осомничени и кога евентуално виновниците би биле познати и уапсени.
Јованка Броз беше погребана на 26 октомври, а покрај ковчегот со нејзиното тело беа поставени и ордените – два воени и три мирнодопски одликувања кои биле поставени на кадифено перниче. Кога два –три дена после погребот семејството дошло по нив од Музејот им рекле дека тие исчезнале. Ордените не биле под никаква заштита. После погребот биле ставени во фиока во една од Меморијалните соби од каде „исчезнале“.Таа посочува дека полицијата двпати ја испитувала за ордените.
„Тоа беше многу непријатно, како јас да сум ги украла. Сѐ се случуваше