Од утре е ограничена пловидбата на скутери и чамци по езерата

Од утре почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. Првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски, упати апел за почитување на ограничувањата и пропишаните правилници за пловење.
Тој потсети дека за некои прекршоци може веднаш да се даде забрана, но доколку има недостатоци постои можност за советување и во одреден рок да ги отстранат недостатоците.
– Доколку тој рок не се испочитува тогаш стапува на сила забрана за пловидба, но ако се продолжи со пловење и понатаму се изрекува и глоба, нагласи Устијаноски.
Ограничувањата за пловидба на скутерите е за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата заради безбедносни причини.Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. Првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски, упати апел за почитување на ог

Пронајдете не на следниве мрежи: