Од утре започнува јавниот повик за откуп на земјиште под оранжерии

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадинов со својот тим и директорите на Агенцијата за ветреринарство и храна и на Државниот инспекторат за земјоделсто, денеска ги посетија оранжериите во Чашка и остварија средба со сопствениците на „Агронимекс“, а потоа во Населбата Чашка на средба со земјоделците од овој регион и ги сослушаа нивните барања и предлози.Во изјавата за медиумите, заменик министерот Ванчо Костадинов информира дека Собранието на Р.Македонија на своја седница го усвоило Законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, а кој стапува во сила од утре.
Заменик министерот Костадинов преку медиумите упати јавен повик до сопствениците на оранжерии и други објекти за примарна обработка на земјоделско земјиште од утре па во наредните 60 дена да ја собираат потребната документација за откуп на земјоделското земјиште, пренесе МИА.
– Ги повикувам сите сопственици на оранжерии и други стопански и објекти за примарно земјоделско земјиште од утре, а во рокот од 60 дена да си подготват елаборати да го пренаменат статусот на земјиштето во Агенцијата за катастар на недижности и да го достават до Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а потоа ние да го спроведеме во Катастар по службена должност и ги евидентираме и ќе им го смениме статусот на земјиштето. Со тоа сопствениците ќе ги исполнат условите да се јавата на еден од јавните повици најмалку еднаш, а најмногу до три пати годишно кои ќе ги објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, појасни заменик министерот Костадиновски.
Костадиновски појасни дека во наредните 60 дена треба да се изработи методологија за изработка на пазарната вредност на земјиштето, а за што веќе е формирана Комисија.
– Врз основа на тоа Бирото за судско вештачење треба да издаде согласност за продажба на земјоделско земјиште, а со што сопствениците на оранжерии и други земјоделски објекти за производство ќе можат да аплицираат во јавниот повик за откуп на земјиштето кој ќе биде распишан по истекот од 60 дена. Тоа ќе значи и дека сопствениците потоа ќе можат да склучат договор со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за откуп на оваа земјиште. Тоа значи и дека овие сопствениците во иднина што е многу важно, ќе можат да ги користат сите поволности од Владата за развој на своите компании за усовршување и зголемување на производството, а преку разните програми: Програмата за развој на земјоделското производство и рурален развој, Национлната програма за развој и рурален развој преку ИПАРД фондовите и останатите, а со кои ќе добијат и средства за развој и усовршување на своето земјоделско производство, потенцира заменик министерот Костадинов, пренесе МИА.
Косопственичката на „Агронимекс“ Соња Бандолиева во изјавата за медиумите изрази задоволство што ова нивно барање до надлежните од Владата е реализирано во мошне краток рок.
– Пред еден месец нѐ посети вицепремиерот Владимир Пешевски со својот тим и ние му го доставивме ова наше барање, а сега во краток рок тоа е и законски регулирано, а ќе значи многу за развој на нашите копмании и развој и усовршување на производството и нови вработувања, потенцира Бандолиева.Во изјавата за медиумите, заменик министерот Ванчо Костадинов информира дека Собранието на Р.Македонија на своја седница го усвоило Законот за изме

Пронајдете не на следниве мрежи: