Со пригодна свеченост, општина Кисела Вода го одбележа 21 февруари – Светскиот ден на мајчиниот јазик. На настанот организиран од страна на Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт и Советот на општина Кисела Вода, во присуство на директорите на основните училишта од овој дел на градот, беа доделени наградите на учениците кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс на тема “ Мајчиниот јазик – ѕвезда водилка на нашето постоење ”.Свое обраќање имаше Претседателот на комисијата за образование при Советот на општината, Весна Бошковска која истакна:“Мајчиниот јазик е минато што не потсетува што сме знаеле и можеле, со зборови да сториме. Мајчиниот јазик е сегашност што ни потврдува што сме и што правиме денес, со помош на говорот. Мајчиниот јазик е иднина што ни ветува дека ќе бидеме и постоиме доколку цврст ни биде зборот. Мајчиниот јазик е нашата вечност, а ние сме дел од тој историски мозаик…”Инаку, 21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 г. Во 2000-та, овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност. Општина Кисела Вода годинава го одележува по десетти пат. На настанот организиран од страна на Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт и Советот на општина Кисела Вода, во пр
Пронајдете не на следниве мрежи: