По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегации од локалната самоуправа на Прилеп, Сојузот на борците, на политичките партии и граѓанските здруженија положија цвеќе и им оддадоа почит на прилепските дејци кои се бореа за слободна и самостојна држава.Цвеќе беше положено на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто, пред споменикот на идеологот на Народната револуција во НОБ Кузман Јосифоски Питу, пред спомениците на Пере Тошев и Ѓорче Петров, на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои и пред споменикот „Карпалак“.
„Осми септември е сонот на бројни генерации за самостојна и независна Македонија. Денес тој е стварност. Борбата на современите генерации е да изградиме просперитетна, економски силна и стабилна држава, а во неа и економски цврст Прилеп со нови работни места и многу инвестиции“, порача градоначалникот Марјан Ристески.
Поради лошите временски услови голем број од настаните предвидени по повод празникот беа откажани.Цвеќе беше положено на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто, пред споменикот на идеолого