Градот Скопје денеска традиционално го одбележа 20 Мај – Денот на пожарникарството, во противпожарната станица во Автокоманда. Прославата почна со свечено постројување на скопските пожарникари, а командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Благоја Менковски, поднесе рапорт пред секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски.- Градот Скопје во континуитет вложува многу ресурси и енергија за опремување и модернизација на противпожарната бригада на Град Скопје. Како најважни инвестиции може да се издвојат: Во 2010 година набавени се два спасувачки чамци со мотор, термокамера, две теренски возила, заштитни противпожарни капи и ракавици според европските стандарди и летни униформи за што Градот вложи околу 20 милиони денари; Во текот на 2010 година реновиран е дел од санитарните јазли во станицата во Автокоманда, реновиран е дел од противпожарниот потцентар „Тафталиџе“, набавена е канцелариска опрема, мебел и постелнина за подобрување на условите во сместувачките капацитети, како и информатичка опрема за потребите на Бригадата; Противпожарната бригада на градот Скопје доби донација од користена противпожарна опрема од збратимениот град Нирнберг, СР Германија. Станува збор за 120 апарати за дишење (Дрегер PA 80) на нормален притисок, 100 маски за дишење (тип AUER3S), 30 апарати за дишење (Дрегер PA 94), 450 челични шишиња за притисок од 300 бари, 80 композитни шишиња од 6,9 литри на 300 бари, 4 колички за транспорт на истите, сет за преиспитување на квалитетот на воздухот, 300 апарати за предупредување дека постои опасност од смрт и резервни делови за дишните апарати со специјален алат и книга со упатство. Износот на донацијата од градот Нирнберг е во висина од околу 300.000 еврa; Во 2011 година за бригадата се набавени три нови противпожарни возила за гаснење пожари во урбана средина. Едното противпожарно возило е набавено од Градот Скопје, а две противпожарни возила се донација од Владата на Република Македонија. Градот Скопје за набавка на противпожарното возило од буџетот издвои околу 13.600.000 денари. Со инвестиција од 1.200.000 денари набавен е и заменет стариот дотраен репетитор, а сервисирана е и хидрауличната платформа која е доведена во исправна состојба со што се остварени предуслови за успешно интервенирање на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во случаи кои има потреба од интервенции на височина. Изминатата година набавени се 2 превозни моторни пумпи за црпење вода со капацитет од 8.830
литри во минута, за што се одвоени 2 милиона денари – истакна секретарот Тодоровски.
Во своето обраќање пред присутните Тодоровски нагласи и дека за оваа година е предвидена набавка на автоцистерна со капацитет од 16 кубни метри, а деновиве се гради и нов објект во општината Ѓорче Петров, каде што ќе бидат сместени полициска станица и новиот потцентар на Бригадата за противпожарна заштита.
Во своето обраќање Тодоровски се осврна и на новите вработувања во Противпожарната бригада на Град Скопје.
– Во 2012 година беа вработени 25, а во 2015 година дополнителни 30 млади пожарникари, кои деновиве ја завршија обуката организирана од страна на здружението „Линк Акрос“ од САД. Новите пожарникари успешно ја завршија обуката за „Одговор при ургентни ситуации“ за што се здобија и со соодветни сертификати. Со овие вработувања сметам дека значително е подобрен капацитетот на бригадата за справување со предизвиците при извршувањето на работните задачи – нагласи секретарот Марјанчо Тодоровски.
Командантот Менковски пред присутните изјави дека 2016 година ќе биде запаметена како значајна година за пожарникарството, пред се поради измените во Законот за пожарникарство, со кој конечно се решава статусот на професионалните пожарникари. Со новитетите во овој закон, пожарникарите добиваат статус на овластени службени лица од областа на безбедноста, каде поради условите на работа, тежината, опасноста и штетноста по здравјето, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, стажот на осигурување ќе се смета со зголемено траење, односно а секои 12 месеци ефективна работа, ќе се сметаат како 15 месеци стаж на осигурување.
Градот Скопје и во иднина ќе посвети посебно внимание за развој на пожарникарството и со тоа ќе даде свој придонес ва оваа суштинска област која придонесува на хуман начин да се создадат услови за поголема безбедност на граѓаните.- Градот Скопје во континуитет вложува многу ресурси и енергија за опремување и модернизација на противпожарната бригада на Град Скопје. Како најва