Со положување на цвеќе пред бистата на Никола Петров Русински во дворот на основното училиште во с.Русиново кое го носи неговото име, и со пригодна програма денеска е одбележан патронниот празник на училиштето и 141 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Никола Петров Русински. Пред присутните се обрати директорката на училиштето а свечена програма подготвија децата од хорот, мандолинскиот оркестар и други точки кои ги подготвија децата од ООУ “Никола Петров Русински“ под менторство на своите наставници.
Никола Петров Русински е роден на 21 ноември во 1875 година во с. Русиново, Беровско. Тој е македонски социјалист, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Бил близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери. Тој е учесник во Илинденското востание. Умира во 1942 година а зад себе остава белег на вистински македонски револуционер запишан во Македонската историја.
Во чест на неговото движење и неговиот револуционерен дух училиштето го носи неговото име и 21 Ноември секоја година се обележува со пригодна програма.Пред присутните се обрати директорката на училиштето а свечена програма подготвија децата од хорот, мандолинскиот оркестар и други точки кои