УНДП и УСАИД во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Шведска, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство го одбележаа Светскиот Ден на Планетата Земја 2016 преку засадување на дрвја во дворот на основното училиште „Партениј Зографски” во Скопје.Настанот на засадувањето на дрвја е во склад со овогодинешната тема на Светскиот Ден на Планетата Земја, чија цел е да мобилизира акции насекаде низ светот за засадување на приближно 8 милијарди дрвја до 2020 година – едно дрво за секој маж, жена и дете. Со глобална поддршка и ентузијазам, оваа цел можно е да се постигне дури и пред 2020 година.
Клучна порака на настанот беше дека со засадувањето на дрвја ќе придонесеме кон остварување на три главни цели: Митигација на климатските промени и загадувањето на воздухот, заштита на биодиверзитетот и поддршка на нашите заедници и нивната благосостојба.
Позеленување на училишниот двор, предавање за климатските промени во Зелениот камион, интерактивна работилница за социјални иновации кои ги адресираат климатските предизвици, како и еколошка ликовна изложба на учениците беа составен дел од овогодинешното одбележување на Светскиот Ден на Планетата Земја во Скопје. Овој настан беше уште една можност за УНДП, УСАИД и нивните партнери да го презентираат пред јавноста вториот Климатски предизвик промовиран минатата недела – Од Тебе Зависи -, чија цел е да ја поттикне креативноста на граѓаните да достават предлози за иновативни проекти насочени кон борба против климатските промени и зголемување на урбаната отпорност.
Промовиран минатата недела, овогодинешниот Климатски предизвик им нуди можност на успешните апликанти да учествуваат во креативни работилници и интерактивни дискусии кои ќе доведат до понатамошен развој на нивните идејни решенија.
Додека милиони луѓе низ целиот свет го одбележуваат Светскиот Ден на Планетата Земја, светските лидери се состануваат во Њујорк да го потпишат новиот Париски договор за климатски промени. Врската помеѓу Парискиот договор и дрвјата, се состои во тоа што шумите ќе бидат клучни сојузници во борбата против климатските промени во пресрет на долгорочната цел – враќање на светската еколошка рамнотежа до втората половина на овој век.
Дрвјата и шумите, исто така, се клучни при напорите да се остварат новите Цели за Одржлив Развој. Тоа е така поради фактот што дрвјата имаат широк спектар на клучни функции во рамките на еко-системот: апсорбираат јаглерод диоксид, го прочистуваат и разладуваат воздухот, делуваат како природни водени пумпи при одржувањето на водните текови, ја стабилизираат почвата, ги рециклираат хранливите материи за земјоделството и пружаат поддршка на живеалиштата на дивиот свет – функции кои се само дел од богатиот спектар на придобивки кој ни го пружаат дрвјата.Настанот на засадувањето на дрвја е во склад со овогодинешната тема на Светскиот Ден на Планетата Земја, чија цел е да мобилизира акции насекаде ни