Под мотото „Детски права во свет без предрасуди“ од денеска до петок низ неколку градови во Македонија ќе бидат организирани повеќе настани во рамки на Неделата на детето.По тој повод во градинката Тризла денеска беше одбележан денот со мала приредба на дечињата кои престојуваат во овој објект. НВО „Ромска солза“, која е партнер во реализирањето на проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишните установи во РМ“ им подели материјали за работа кои им се потребни на децата Роми кои се вклучени во овој проект.
Градоначалникот Марјан Ристески и Христина Трпческа, директор на градинките „Наша Иднина“ ги поздравија присутните и посочија дека децата го имаат правото да уживаат во своето детство и да се надоградуваат претставувајќи ги своите таленти, вештини и способности.
Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Во 1985, е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето.
Настаните во кои ќе бидат вклучени четириесеттина деца од различна националност ќе се одржат во Прилеп, Тетово, Струмица, Куманово и Кавадарци.По тој повод во градинката Тризла денеска беше одбележан денот со мала приредба на дечињата кои престојуваат во овој објект. НВО &bdquo