Денеска во Прилеп со свечена академија организирана во народниот театар „Војдан Чернодрински“ се одбележа патрониот празник на основното училиште „Блаже Конески“, како и триесет годишнината од неговото формирање и изградба во населбата Точила. Училиштето го носи името на еден од нашите најголеми великани Блаже Конески, истакнат македонски книжевник, академик, литературен историчар, професор на филолошкиот факултет, како и еден од кодификаторите на современиот македонски јазик. Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 година во прилепско Небрегово, а починал на 7 декември 1993 година.„Одбележувањето започна утринава со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Блаже Конески во центарот на Прилеп. Чествувањето потоа продолжи со одредени активности организирани во нашето училиште и сега продолжуваме со оваа свечена академија во народниот театар. На оваа свеченост беа истакнати сите ученици кои имаат освоено награди на општински, државни и меѓународни натпревари. Во оваа прилика им се заблагодарувам на сите кои помогнаа за реализацијата на овој настан“, рече Марија Дулеска, директор на ОУ „Блаже Конески“ – Прилеп.
На свечената академија присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој на сите присутни им посака многу здравје, среќа и успех по повод овој патрон празник, а најави и реализација на нови проекти за ова училиште.
„Му го честитам патрониот празник на ОУ „Блаже Конески“, ова училиште во изминатиов период има реализирано голем број на проекти и едуцирано доста ученици. Освојувачи се на голем број на награди на општински, државни и меѓународни натпревари. Тоа е резултат на одличното работење на колективот и залагањето децата да бидат квалитетно едуцирани. Им посакувам и понатаму да имаат голем број на успеси. Денеска сакам да најавам дека започна и реализацијата на еден доста значаен проект за подрачното училиште ОУ „Блаже Конески“ во најстарата населба Варош, а тоа е комплетна реконструкција и изградба на неговиот двор и партерно уредување. Ова училиште е изградено во далечната 1926 година, а ние како локална самоуправа комплетно го реконструиравме целиот објект. Сега со изградбата на новиот двор ќе се заокружи тој процес на целосна реконструкција на оваа образовна установа“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
За наредната година било планирано уредување на дворното место во централното училиште „Блаже Конески“, доколку се обезбеделе средства ќе се изградело и термоизолациона фасада, а во програмата на Министерството за образование била влезена изградба на нова спортска сала за ова училиште.„Одбележувањето започна утринава со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Блаже Конески во центарот на Прилеп. Чествувањето по