Делегација од Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци, претставници од политичките партии и група на граѓани денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Шаторов Шарло одбележувајќи 72 години од смртта на познатиот македонски револуционер.Илија Димески, потомок на Шарло во изјава за медиумите истакна дека Прилеп и Македонија се горди што имаат таков великан, непоколеблив борец за идеите за независна и самостојна Македонија, идеали кои ги следат новите генерации Македонци со новите приоритети.
Според Круме Соколоски, претседател на Сојузот на борците во Прилеп „Градот Прилеп му се оддолжи со поставување споменик на заслужниот свој сограѓанин, пред кој денеска положивме цвеќе и одбележавме 72 години од неговата смрт“.
Методија Шаторов – Шарло се залагал за самостојна и обединета држава на македонскиот народ. Покрај тоа, во архивите на некогашната Коминтерна се откриени документи според кои Методија Шаторов постојано се изјаснувал како Македонец. Тој се смета уште за еден од најзаслужните за тоа што Коминтерната и Бугарската комунистичка партија го признале постоењето на македонскиот народ.Илија Димески, потомок на Шарло во изјава за медиумите истакна дека Прилеп и Македонија се горди што имаат таков великан, непоколеблив бо