Денеска, во Паркот на бранителите изграден во чест на загинатите од конфликтот во 2001 година кој се наоѓа во Драчево, Општина Кисела Вода, беше одбележана 15-годишнина од загинувањето на жителите од оваа општина.Пред меморијалната фонтана денеска им се оддаде почит на шестемината бранители од Кисела Вода кои загинаа во конфликтот од 2001 година.
На 25 декември 2001 година, Алтернативната информациона мрежа објави дека вкупниот број на жртви од страна на македонските безбедносни сили е 72. Албанската страна никогаш официјално не ги објави, но се претпоставува дека нивниот број бил околу 3000 мртви.
Според „Бела Книга“, издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, бројот на загинатите припадници на полицијата во вооружените дејства бил 15 жртви и 150 повредени, на старешини и војници на Армијата на Република Македонија 43 жртви и 119 повредени.
Според истите извори, бројот на цивили убиени во конфликтот од страна на ОНА бил 10 жртви и 75 повредени, бројот на физички нападнати и измачувани граѓани од страна на ОНА бил 20, а бројот на киднапирани и исчезнати лица околу 20.
До август 2001 година, бројот на раселените лица од војната бил 170.000, од кој 74.000 внатрешно раселени. Веќе во 2004 година, нивниот број се намалил на 2600.
Пред меморијалната фонтана денеска им се оддаде почит на шестемината бранители од Кисела Вода кои загинаа во конфликтот од 2001 година.
На