Утре, 21 мај во Охрид со почеток во 12.00 часот во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ ќе се одржи Програма за одбележување на Светскиот ден на културната разновидност.Во рамките на програмата студентите и професорите од Универзитетот ќе ги претстават културите на своите земји. Програмата вклучува претставување на над 15 земји од Америка, Африка, Азија и Европа преку претставување на национални носии, национални кујни, изведување на традиционални песни и танци, претставување на главните карактеристики на државите и можност за фотографирање со студентите облечени во нивните традиционални национални носии.
Имајќи предвид дека на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ работат и студираат професори и студенти од повеќе од 40 држави, истиот претставува уникатна високообразовна установа со истакнат мултикултурен профил.
Манифестација за одбележување на Светскиот ден на културната разновидност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ годинава се организира по трет пат.
Во рамките на програмата студентите и професорите од Универзитетот ќе ги претстават културите на своите земји. Програмата вклучува претставување на