Oдбележувањето на 53-тата годишнина од потпишувањето на Елисејскиот договор

Амбасадите на Сојузна Република Германија и на Република Франција Ве известуваат за одбележувањето на 53-тата годишнина од потпишувањето на Елисејскиот договор.Овој ден ќе биде одбележан со прикажувањето на француско-германскиоT филм „Дипломатија“ (2014 год.), на режисерот Фолкер Шлендорф, в четврток, 21 јануари 2016 год. во Кинотеката на Македонија, со почеток во 18 часот.Официјалните говори на Н.Е. д-р Кристине Алтхаузер, Амбасадорка на Германија, и на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција, ќе го отворат настанот, по што следува проекција на филмот.Инаку, филмот е добитник на наградатаа Цезар 2015 за надобра филмса адаптација, а главниот актер Нилс Арестрип беше номиниран за Цезар 2015 за надобра машка улога.
Реномираниот француски дневен весник Ла Кроа за филмот ќе напише дека е „во извонредна режија на Фолкер Шлендорф, големиот вљубеник во моќниот Париз, (…), кој успева да воспостави совршена рамнотежа помеѓу двата конфронтирани лика, прикажувајќи ги детално и нијансирано сите фази на една спротиставеност“. Неделникот Пари-Мач, пак, ќе го оквалифукува како „вешта алегорија на една спротиставеност низ два сосем различни концепти за светот и должноста“, аТеле 7 Жур ќе напише „Едноставно вобудлив“.
 
Филмот е со превод на македонски и англиски јазик.
Овој ден ќе биде одбележан со прикажувањето на француско-германскиоT филм „Дипломатија“ (2014 год.), на режи

Пронајдете не на следниве мрежи: