Четириесет и третата седница на Советот на Општина Штип се оддржа минатиот петок. Усвоена е Предлог-Програма за изменување на Програмата за одбележувањето на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја 2013-2017 и Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за подигање, чување, одржување,заштита и користење на спомен-обележје во чест на фудбалската легенда Драгослав Шекуларац како и Предлог-Одлука за ажурирање на Процената на загрозеноста на безбедноста на Општина Штип.Исто така советниците ја усвоија Предлог-Одлуката за проширување на средствата во Буџетот на Општина Штип за 2016 година, Предлог-Одлука за траен отпис за побарувања на комунална такса за фирма, односно назив на деловна просторија, Предлог-Одлука за доделување на финансиски средства на „Македонска православна црква – Охридска архиепископија, Брегалничка православна епархија, Православен митрополит брегалнички” и Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката на УО на ЈП „Исар“-Штип за измена на висината на наплата на надоместок за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните објекти.
Исто така прифатена е и Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката на УО на ЈП „Исар“-Штип за донесување на ценовник на услугите на РЕ „Градски пазари”, Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката на УО на ЈП „Исар“-Штип за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на недвижен имот деловен простор – монтажни дуќани во кругот на градскиот пазар во Штип, Предлог-Одлука за донесување на измена и дополнување на ДУП за дел од населба „Јужен реон 2” дел од УЕ 5, опфат 1,45ха – Општина Штип, Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП 3762/1 за КО Штип-3 со намената на бесправниот објект и Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградениот објект на КП 3946 за КО Штип-7 во иднина урбанистичко планска документација. Исто така усвоени се Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП 10334/5 за КО Штип-4 со намената на бесправниот објект, Предлог-Одлука за утврдување дека не се исполнети условите за донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на
земјиштето на КП 10422 за КО Штип-6 со намената на бесправниот објект, Предлог-Одлука за утврдување дека не се исполнети условите за донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП 2609 за КО Штип-2 со намената на бесправниот објект.
Советниците ја усвоија и Предлог-Одлука за склучување на меморандум за соработка помеѓу Општина Штип и здружение на ромите „Черења”-Штип, Предлог- Одлука за склучување на договор за донација од правно лице, Предлог-Решение за разрешување и именување на член на училишен одбор на ООУ „Гоце Делчев“-Штип,Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на училишен одбор на ООУ „Тошо Арсов“-Штип, Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на училишен одбор на ООУ „Ванчо Прке“-Штип, и Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на училишен одбор на ООУ „Димитар Влахов“-Штип.
Совен советнички прашања во информативниот дел беше разгледано и обврски на ЈП „Исар“-Штип по основ на долгорочниот кредит на ЕБРГ за период од 01.01.2005 до 14.07.2015 година.
Исто така советниците ја усвоија Предлог-Одлуката за проширување на средствата во Буџетот на Општина Штип за 2016 година, Предлог-Одлука