Одговори на новинарски прашање – Илија ДимовскиГосподине Димовски, има ли смисла да се одржи лидерска средба со отсуство на СДСМ?
– Ние длабоко ја цениме иницијативата на меѓународната заедница, посебно на комесарот Хан и на сите вклучени во овие разговори. Да се седне на маса и да најдеме начин да го вратиме легитимитетот на институциите и да биде онака како што е предвидено во Уставот на Република Македонија со одржување на предвремени парламентарни избори, но и да го вратиме спокојот меѓу граѓаните. Нема ниту еден граѓанин во оваа држава којшто го поддржува ова насилство и оваа поделба и оваа омраза којашто Зоран Заев и СДСМ се обидуваат да ја внесат меѓу граѓаните.
За нас е целосно неприфатливо да ги гледаме оние снимки на напади врз македонската полиција, на рушење на институции, на палење на објекти, на руинирање на спомен обележја кои ја карактеризираат македонската борба за државност и самостојност, но истовремено за нас е неприфатливо да гледаме дека и внатре во фамилиите, пријателите, помеѓу комшиите се внесува раздор и се внесува секојдневно оптеретување со ова насилство кое СДСМ го внесе во политиката.
Затоа цениме дека е неопходно да се раговара, да се најде начин како ова насилство да заврши и да се одржат предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.
Дали содржината на вашата изјава значи дека ги отфрлате барањата на Заев како услов за патување во Виена?
– Видете барањата кои што Зоран Заев ги упати не се упатени на адреса на ВМРО-ДПМНЕ. Првото барање околу свикување седница е одговорено од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија. Јас накратко го видов одговорот од него, тој образложи дека нема уставен начин како да се свика веќе распуштено собрание и знам дека се повика на одлука на Уставниот суд на Република Македонија донесена пред повеќе од една деценија наназад кога мнозинството во Уставниот суд го држеа роднини и родители на видни личности во СДСМ каде што многу јасно се вели дека веќе распуштено Собрание неможе да се свика повторно.
Тоа е одлука на Уставниот суд од почеток на 2006-та. Околу второто прашање ние неколку пати се произнесовме, дека иако ги разбираме причините поради кои што господинот Иванов ги повлече чекорите што ги повлече. Аболицијата не ја прифаќаме и мислиме дека секој во оваа држава треба да биде еднаков и институциите да имаат можност да ги истражат сите аспекти на сомнежи во било која личност без разлика дали е политичар или не, и институциите да одлучат дали е некој виновен или не. Тоа не смее да биде нити осуда од страна на политичките партии, тоа не смее да биде осуда нити од страна на одредени институции кои што малте не се истурени единици на политички партии. Си има легални институции кои што треба да го утврдат тоа. Би ве потсетил дека имаше една иницијатива од страна на ВМРО-ДПМНЕ до сите 4 партии да упатиме заедничко барање до господинот Иванов да ја повлече аболицијата, потоа следуваше наше партиско барање, следуваше барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и се што можеме во рамките на расположливите алатки ние го правиме. Но ценам дека тоа што господинот Заев го кажа, го кажа само и само како оправдување да најде начин да не се појави на изборите на 5ти јуни заради тоа што го знае резултатот од тие избори.
Што ви одговори претседателот Иванов на тие барања да се повлече аболицијата?
– Мислам дека господинот Иванов имаше јавни прес конференции на кои што го соопшти својот став. Не би сакал да зборувам во негово име Морате да се обратите во кабинетот на претседателот на државата.
Какви се вашите очекувања од средбите во Виена, дали постои стремеж за постигнување да кажеме Виенски договор и дали тоа е можно без најголемата опозиција ?
– Мислам дека овие два дена има, доста изјави од страна на претставници од меѓународната заедница коишто одат во насока треба да се обезбеди спроведувањето на Пржинскиот договор, така популарно наречен. Инаку договорот јуни-јули од минатата година.
И ние сме спремни да разговараме се со цел да се избегне ова насилство што СДСМ сака да го промовира .
И не скриено го организира и го зборува јавно. Значи апсолутно не е тајна дека СДСМ стои зад ова организирано насилство во државата.
Господине Димовски, сакам да ве прашам дали е точно дека во праксата во Македонија дека има ситуација откако ќе се распушти Собранието до моментот до одржување на нови избори да се свикало повторно Собранието ? Меѓутоа некои правници поставуваат како може после распуштање на Собранието една недела подоцна, првиот меѓу еднаквите Трајко Вељаноски сеуште да има мандат да распишува избори и дилемата е кога претседателот на Собранието кој исто така е пратеник распишува избори една недела подоцна ? Зошто да нема можност пратениците да излезат да се соберат ?
– Вака, Уставот на Република Македонија е многу јасен, јас жалам што тие т.н. наречени правници веројатно заради хонорари коишто ги зимаат од одредени институции се ставаат на една или на друга страна. И се бламираат пред правната фела. Уставот е јасен дека изборите се распишуваат после распуштањето на Парламентот.
Претседателот на Собранието е единствениот којшто има функција и одговорност според Уставот , пропишано во Уставот, напишано во Уставот и после распуштањето на Парламент. Да Ве потсетам дека според Уставот тој има обврска да го свика следното Собрание. Но тоа е напишано следното Собрание, не ова Собрание коешто веќе е распуштено. За коешто веќе има донесено одлука според Уставниот суд на Р.М. во 2006-та година. Во почетокот на 2006-та година. Така да таа правна дилема воопшто не постои и Уставот е многу јасен и многу прецизен.
Собранието на Р.М. откога се распушта повеќе не може да се свика. И не би сакал да навлегувам понатаму во образложение поради оваа причина бидејќи имам чувство дека се гаи надеж кај одредена категорија на луѓе. И се лажат одреден број на партиски активисти или поддржувачи на СДСМ дека тоа е возможно. Но тоа не е возможно. Единствено возможна варијанта и единствена добра варијанта е да си се одржат избори на 5- ти јуни.
И СДСМ да се појави на тие избори. За да дадеме можност на граѓаните да дадат одлука како треба да се раководи Р.М. во иднина. Имаме обврска како политичари да не дозволиме насилство на улиците, да не дозволиме такви сцени како што гледавме, да не дозволиме кршења и напаѓања на македонската полиција. Имаме обврска да излеземе на избори. Затоа што и на крај суверенитетот во оваа држава го носат граѓаните. Не го носи ниту еден политичар, го носат граѓаните. И врховната цел на демократија е суверенитетот на одлучување да биде кај граѓаните, нити кај претседателот на Собрание, нити кај премиер, нити кај министер, нити кај било кој друг.
Господине Илија, од една страна велите дека договорот од Пржино е потполно исполнет и дека треба да има избори, а ќе присуствувате во Виена каде што треба да се имплементира тој договор. Дали вие со тоа признавате дека договорот од Пржино не е исполнет, и второ околу протестите бидејќи постојано велите дека била запалена институција , подетално која е таа институција којашто беше запалена за време на овие протести ? И скрвнарење на спомен обележјето ?
– Вие новинар сте ?
– Да, да
– Веројатно сте присутни на протестите? Знаете гледате ?
– Да, да, затоa прашувам која институција беше запалена.
– Не сте виделе? Веројатно гледате една или два телевизии, океј , ке ви одговорам на двете прашања. Првото прашање , Јас ви кажав обврските кои што ги имавме ние околу имплементацијата на така наречениот Пржински договор и ви ги набројав во прес конференцијата се однесуваа на оставка на 100 дена пред избори на тогашниот премиер Никола Груевски, кој што еве стана на некој начин 160 дена, имавме обврска со наши гласови да прифатиме со наши гласови во Собрание 2 министри од СДСМ и 3 дополнителни заменици министри, имавме обврска да донесеме нов изборен законик во кој што ќе ве потсетам практично ги внесовме сите барања на СДСМ, кој што се однесуваа на спроведување на изборите од прашања кој што ги регулираат медиумите во овој период, до прашања како ќе се формира ДИК и сите други прашања поврзани со таа работа, прифативме и изгласавме закон за СЈО, избравме СЈО, изгласавме буџет за тоа СЈО, изгласавме ДИК онака како 4 -те партии се договорија и тоа го направивме едногласно и сето тоа го направивме со мнозинството гласови кои што стојат зад ВМРО-ДПМНЕ и зад коалицијата за подобра Макеоднија во овие процеси.
Две обврски кои што ги имаше СДСМ беа да ги предадат материјалите во институциите што очигледно гледаме дека не се случува, заради тоа што до ден денеска по пазари во соседството се продаваат слики на дел од нашите колеги за жал и втората обврска беше да се појават на избори и таа не сакаа да ја испочитуваат. Околу второто прашање, секакво правдање на ова насилство кое што се сличува на улиците за мене е неприфатливо па макар да доаѓа и од новинар и од медиумска куќа.
Не сме ги правдале.
– Прашањето беше целосно правдање, моја проценка, значи ние видовме снимки во кои што полицајци беа мавани со столови, беа маванни со столови, беа мавани со палки и тоа од лица кој што беа со оние марами и шамии. Видовме институција која што беше демолирана од каде што беа крадени лаптопи, од беше запален инвентар, која што имаше обид дда се запали, имаше уништување на спомен обележја, зградата на Министерството Култура кој што е стара веројатно повеќе од 80-90 години, Порта Македонија за која што реагираа многу историчари, уметници и многу спортисти овие денови, споменикот на Воинот на коњ, споменикот на Цар Самоил и ред, ред други , значи тоа е недозволиво и неприфатливо, ние подржуваме апсолутно право на протест и цениме дека секој граѓанин кој што чувствува дека има потреба да излезе на улица за да си каже свој став, без разлика дали е про или контра некој политика да го направи тоа. Апсолутно, но во исто време подржуваме и апелираме да не се користат со методи кои што се надвор од нормалното однесување на такви протести.
Сакам да ве прашам во контекстот на содржината која вие ја изнесовте денеска на еден сегмент споменувате дека ете таа да речам во ниска реторика упатена кон полицијата – Да ви се случи Куманово – е пораз на секој граѓанин на оваа земја , и нели сметате дека еве со тој говор како владејачка партија од таа јака позиција сепак ширите пропаганда со тој говор на омраза којшто утре не очекуваат два протести на луѓе кои се приврзаници на две спротиставени страни. Каде е тука одговорноста?
– Сега ќе ви одговорам , прашањето е такво како да не се случило нешто , па јас измислувам. И како да немам право во име на партијата да го осудам тоа. Јас го осудувам тоа и го осудија многу граѓани на Р.М. Но знаете што недостасува не го осуди СДСМ. И не го осуди ниту една невладина организација или т.н . невладина организација под капата на СОРОС. Ниту едно лице од СДСМ не излезе да го осуди тој настан којшто се случи два пати од двајца различни членови на СДСМ. Ниту еден човек од СДСМ не го осуди тоа. Ниту еден претсавник на т.н. невладини организации не го осуди тоа. Мислам дека вашето прашање ќе е адекватно да го поставите на СДСМ и до било кој официјален претставник да го прашате дали го осудуваат тоа. Заради тоа што болните спомени коишто доаѓаат од тие моменти скоро една година зад нас. Исто така не потсетуваат на сите манипулации и на сите лаги коишто СДСМ и медиумите до нив тогаш ги ширеа . Се сеќавате дека медиумите блиски до СДСМ цел ден изнесуваа вести дека цело семејство , мало девојче е убиено на акцијата на полицијата, креваа меѓунационални конфликти, креваа луѓе да излезат на улици и меѓу себе да се пресметуваат. Каде е тука одговорноста ? Каде е осудата од вас новинарите или од вашите новинарски здруженија за такво неодговорно однесување ? Во оваа држава мора да запре насилството , мора да запрат манипулациите. Се што е да се поддржи треба да се поддржи. Ние ги поддржуваме протестите, луѓето нека си излезат нека си кажат, но не поддржуваме напад врз македонската полиција, не поддржуваме напад врз било каков објект без разлика дали е во државна или приватна сопственост.,не поддржуваме закрвување меѓу народот, не поддржуваме закрвување внатре во фамилиите , не подржуваме закрвување помеѓу комшиите,пријателите помеѓу кумовите и кумашини. Време е да запре тоа, време е да се оддржат парламентарни избори и на најдемократски начин онака како што доликува на нашиот народ, на македонците на албанците на турците на сите останати во оваа држава ќе излезат на избори и ќе си гласаат. Тие што го поддржуваат СДСМ да си излезат да си гласаат тие што го поддржуваат ВМРО да излезат да гласаат, било која друга партија која ја поддржуваат да излезат да гласаат на тој начин завршува криза секаде во светот. Ова што СДСМ го прави е јасно дека сака да избега од избори, а со тоа е јасно дека сака да продолжи ова непријателство помеѓу граѓаните во Република Македонија.
За љубов се потребни двајца дали се согласувате?
Се согласувам
– Јас ви кажав, ви ги набројав сите конструктивни чекори кои што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во изминатите година и пол или две години. Можам да ви кажам дека се согласивме и како пратеници да си го скратиме мандатот две години порано покрај сите работи кои што ви ги набројав претходно. Повторувам и целиме дека стратегијата на СДСМ не е да заврши кризата, стратегијата на СДСМ е да се продлабочи кризата. Имаме одговорност тоа да го соопштиме на македонската јавност за граѓаните да бидат свесни на што се е спремен СДСМ. Ние во последните неколку денови имаме контакти со многу членови на СДСМ кои што доаѓаат кај нас и само ни кажуваат какви инструкции какви насоки добиваат од нивната централа. И го прават тоа со замолница да се погрижиме тоа да не се продлабочи кризата. Носиме одговорност за нашето членство но сме свесни дека носиме одговорност и за членството на СДСМ и за сите граѓани во РМ.Господине Димовски, има ли смисла да се одржи лидерска средба со отсуство на СДСМ?
– Ние длабоко ја цениме иници