Одите на летување? Овие дополнителни мерки за безбедност се ДОБРЕДОЈДЕНИ!

Летниот одмор е време кога повеќето од нас заминуваат некаде. Без разлика дали станува збор за два­-три дена или повеќе, од исклучителна важност е да го заштитите вашиот дом од кражби.Еве неколку корисни совети како да постапите.
Не разгласувајте дека заминувате некаде
Воздржете се од објави и чекирања на социјалните мрежи. Возбудата дека сте заминале на летување е голема и сакате да ја споделите со пријателите. Сепак, не е потребно сите да знаат дека дома нема никој. Таа информација може само да им оди во прилог на оние кои работат надвор од законот.
Нека изгледа како да има некој дома
Завесите нека бидат полузатворени, оставете светилка да гори, ангажирајте пријател/сосед на кој му верувате да ја собира поштата (доколку има)… со еден збор создадете илузија дека има некој дома. Не мора сè да биде средено и затворено.
Не оставајте клучеви на скришни места
Клучот од домот оставете го кај пријател или сосед од доверба. Не помислувајте да наоѓате скришни места каде би можел истиот да стои додека не сте дома.
Проверете ги сите брави и прозорци… неколку пати
Звучи како клише, но сепак морате неколку пати да се осигурате дека вратите и прозорците се добро затворени, односно заклучени. Доколку некои од нив се проблематични, стари и разлабавени потрудете се пред да заминете да ги поправите/зацврстите (онолку колку можете).
Внимателно со парите и вредните предмети
Најдете соодветно место каде може да ги оставите парите, накитот и останатите вредни предмети. Можете и да ги пренесете на друга локација, доколку немате доволно безбедно место во вашиот дом.
Опцијата аларм е секогаш добредојдена
Доколку можете поставете аларм/и во домот. Истражете ги опциите и видовите на аларми и одберете го најсоодветниот безбедносен систем.
Останете во добри односи со соседите
Не навлегувајте во кавги и недоразбирања со соседите особено пред да заминете на одмор. Соседот може навистина да биде од полза во деновите кога сте отсутни. Затоа, потрудете се доколку сте имале некаков проблем да го надминете пред да отпатувате некаде.Еве неколку корисни совети како да постапите.
Не разгласувајте дека заминувате некаде
Воздржете се од објави и чек

Пронајдете не на следниве мрежи: