Одлична идеја за брз ручек: пилешко во скатко кисел сос

Одлична идеја за брз ручекСостојки:
350гр. пилешки гради
2 раце лупени несолени кикирики
3 лажици соја сос
1 рамна лажичка мед
1,5 лажичка кечап
1 лажичка вински оцет
1 рамна лажичка рендан свеж ѓумбир
1 лажичка густин
1 филџан (од 150мл) топла вода
по потреба масло, сол, црн бибер
За прилог
160гр. ориз
1 помала главица кромид
1 средно по големина стебленце целер
по потреба масло, сол, црн бибер
Подготовка:
Пилешките гради исечете ги на помали парчиња. Посолете, наросете црн бибер и лажичка нишесте. Убаво измешајте и ставете ги во тава со масло да се пржат. Во друга тава со сосема малку масло ставете ги кикириките да се пропржат.
Во подлабок сад измешајте ги соја сосот, медот, кечапот, оцетот, ѓумбирот и топлата вода, па откако месото ќе биде скоро готво исипете ја смесата во тавата со пилешкото. Додајте ги и пропржените кикирики и оставете на тивок оган се заедно да прокрчка.
Прилог:
Оризот сварете го и исцедете го убаво од водата. Во тава на оган ставете масло да се загрее, па додајте ги сецканиот кромид и целер. Откако ќе омекнат додајте го оризот. Посолете, наросете црн бибер и убаво промешајте. Вака спреманото пилешко и прилогот од ориз послужете ги топли. На здравје!Состојки:
350гр. пилешки гради
2 раце лупени несолени кикирики
3 лажици соја сос
1 рамна лажичка м

Пронајдете не на следниве мрежи: