Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими Ведран Морнар, министер за наука, образование и спорт на Република Хрватска.На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска во сферата на образованието, науката и спортот.
-Особено сум задоволен што одличните политички односи меѓу двете држави се рефлектираат со конкретна соработка во останатите области како што е образованието, истакна претседателот Иванов на средбата.
Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка меѓу Република Македонија и Република Хрватска во образовниот систем, и изразија очекување со склучувањето на Програма за соработка во областа на науката и технологијата за периодот 2015-2018 година, уште повеќе да се динамизира соработката.На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска во сферата на образованието, науката и спортот.