Одлична закуска: Ванила еклери чиј вкус нема да го заборавите!

Рецептот за колачињата браќата Том и Хенри Херберт го создале со цел да имаат добра закуска за време на нивните прошетки по природа. По успешни две сезони на своето шоу, браќата се враќаат на TLC каналот овој март со нов серијал “Вкусот на Британија“. Талкаат по целата држава со својата подвижна кујна приготвувајќи фини британски рецепти. Повеќе рецепти можете да ги следите на TLC Каналот на 04 март 2015 година со почеток во 20 часот.Рецептот е наменет за подготовка на 12 парчиња ванила еклери.
Состојки:
За подготовка на тесто:
120 гр брашно;
Прстофат сол;
100 мл полномасно млеко;
80 гр путер;
100 мл вода;
4 јајца;
10гр шеќер во прав;
За подготовка на фил:
1 пакетче ванилин шеќер;
30 гр пченкарно брашно;
400 мл полномасно млеко;
25 гр путер;
80 гр шеќер во прав;
1 шоља варен пудинг;

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на температура од 180 степени. Прво растопете го путерот со водата во тавче до точка на вриење. Додадете ги брашното, шеќерот и солта наеднаш и мешајте интензивно со дрвена лажица додека смесата не се изедначи во садот.
2. Префрлете ја смесата во длабок сад и додавајте ги јајцата едно по едно, мешајќи со дрвена лажица, додека не се измазни смесата и не стане сјајна.
3. Наполнете го готварскиот шприц со смесата со отвор 2,5цм. и истискајте во должина 6цм. од смесата во тава за печење обложена со готварска хартија. Оставете простор од 10цм. помеѓу еклерите за да се рашират.
Ванила крем
4. Разматете ги жолчките и шеќерот, а потоа додадете го пченкарното брашно и матете додека смесата не стане светло жолта и згусната. Тргнете ја смесата на страна.
5. Ставете го млекото во тавче и истурете ја ванилата во него и размешајте да се растопи. Полека додавајте го млекото во претходно подготвената смеса и мешајте постојано.
6. Префрлете ја смесата во тавче и варете со постојано мешање. Осигурајте се дека ги мешате и краевите на тавчето.Оставете ја смесата да се олади 10 минути и додајте го путерот со постојано мешање додека смесата не стане мазна и сјајна.
7. Кога ќе биде подготвен филот наполнете го во готварски шприц и наполнете ги еклерите.
8. Посипете со шеќер во прав врз еклерите.Рецептот е наменет за подготовка на 12 парчиња ванила еклери.
Состојки:
За подготовка на тесто:

Пронајдете не на следниве мрежи: