Одлучила година дена да не се расфрла со пари и дошла до генијален заклучок!

Новинарката Мишел Мегах решила една година да не троши пари, освен за основните потреби, а своето искуство го опишала за весникот „Гардијан“.– Почнав на петок 27 ноември кога сите трчаа да купуваат по продавници. Првите шест месеци беше тешко. Требаше да се научам на нов начин на живот. Предизвикот ме направи побогата и помудра. Сфатив колку пари трошев на кафиња, ресторани, пабови, на непромислено купување. Како новинарка што пишува за финансиски теми, пишував за мерки за штедење, но тоа не го применував и луѓето мислеа дека немав проблем со парите – раскажува таа.
Со идејата да не троши пари една година, решила да ги тренира своите навики за штедење иако тоа било екстремно.
Првите месеци ѝ било тешко додека да се навикне дека наместо да купи автобуски билет, морала да вози велосипед.
Одела во кино, на претстави, но само кога тоа било бесплатно.
На одмор одела со велосипед и кампувала.
Сфатила дека со своето штедење долгот кон банката нема да го отплаќа 25 години, туку пократко.– Почнав на петок 27 ноември кога сите трчаа да купуваат по продавници. Првите шест месеци беше тешко. Требаше да се научам на нов начин

Пронајдете не на следниве мрежи: