ОДЛУКАТА Е КОНЕЧНА: Работнички е исфрлен во Третата лига!

Комесарот за натпреварување при МКФ, Бобан Јосифовски, на денешната седница на Здружението на прволигаши, на која скандалозно беа избркани новинарите, ги изрече казните за натпреварот помеѓу КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром, кој се играше на 5 ноември 2014 година. Тие се веќе објавени на сајтот на МКФ, а најтрофејниот клуб Работнички е исфрлен во Третата лига.Ова се другите казни:
– Екипата на КК Работнички се казнува за фрлање на чадна направа на терен по член 50.10. со парична казна во износ од 10.000 денари.
– Екипата на КК Работнички се казнува за фрлање на тврди предмети на терен по член 54.3. со парична казна во износ од 10.000 денари.
– Екипата на КК Работнички се казнува за плукање на службени лица по член 54.5. со парична казна во износ од 10.000 денари.
– Екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром се казнува за фрлање на експлозивни направи по член 54.10. со парична казна во износ од 10.000 денари.
– Екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром се казнува за фрлање на меки предмети по член 54.2. со парична казна во износ од 4.000 денари.
– Екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром се казнува за фрлање на тврди предмети по член 54.3. со парична казна во износ од 10.000 денари.
– Натпреварот КК Работнички – КК МЗТ Скопје Аеродром се регистрира со службен резултат 0-20 во корист на екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром, а екипата на КК Работнички не добива бод предвиден за пораз (Член 60.9. од Пропозиции за натпреварување).
– Екипата на КК Работнички бидејќи самоволно го напуштила теренот и не се вратила на повик на Првиот судија, се исклучува од тековното натпреварување и во следната сезона се префрла во најнизок степен на натпреварување (Член 60.11. од Пропозиции за натпреварување).
Претставникот на КК Работнички најави дека клубот ќе достави жалба до Арбитражната комисија на МКФ, за одлуката на Комесарот.Ова се другите казни:
– Екипата на КК Работнички се казнува за фрлање на чадна направа на терен по член 50.10. со парична казна во износ од

Пронајдете не на следниве мрежи: