ОДМАЗДОЉУБИВИ ДО БОЛКА: Овие хороскопски знаци не ни помислувајте да ги повредите!

Тие се прекрасни, шармантни, софистицирани и би сториле сè за човекот од своите соништа, но само и ако им се причинува дека им вртите грб, подобро ќе ви биде да исчезнете од нивниот живот.Лав
Лавицата е жена на крајности – ако ве љуби, ќе ве обожува. Но ако не, ќе ве мрази од дното на душата. Иако за јавноста е силна, речиси недопирлива и авторитатувна, во прегратката на својот избраник се претвора во мило маченце.
Во љубовната врска важни и два елемента – да биде поголем авторитет за партнерот отколку тој нејзе и фантастично да си одговараат в кревет. Доколку овие услови се исполнети, не постои пречка за нејзината среќа и емотивна исполнетост. Секако, нејзиниот маж мора секојдневно да ѝ се восхитува и колку што е можно почесто да ѝ вели дека таа е една, единствена и неповторлива, вистинско ремек-дело. Освен тоа, пожелно е таа да е и интелектуално посупериорна.
Меѓутоа, бајката почнува да се распаѓа оној момент кога тој, поради премор, ќе одбие за прв пат да води љубов со неа. Следното утро ќе види дека автомобилот му е изгребан со клуч, бидејќи тоа за Лавицата не е никаков проблем и ќе го стори тоа без ронка грижа на совеста само со цел нејзиното его да се врати во нормала. Ако случајно тој погледне помлада и поубава од неа, треба да се подготви за долгочасовен монолог. Лавовите имаат моќ секого да убедат дека црното е бело, па така таа ќе ја искористи и оваа ситуација да го убеди партнерот дека тој веќе не ја сака, дека нивната врска губи секаква смисла и така натаму, иако тоа нему не му е на крај на умот.

Скорпија
Таа е фатална жена во самата смисла на зборот; суштество со неверојатна имагинација и уште поотровен јазик. Не ја интересираат слабаци, ниту просек во било каква форма. Таа сака да го земе од животот само она најдоброто. Прво по што ќе ја забележите и засекогаш запаметите се нејзините очи. Поточно, погледот којшто хипнотизира и со кој ја мами жртвата веднаш да посака да стане нејзин плен. Но, не може тоа само туку така, бидејќи таа го избира човекот кој и парира во се или, можеби, оној кој е дури и посилен од неа, ако е можно. Маж кој е самосвесен, со кого ќе може да ужива и во интелектуални разговори и во необична љубовна игра в кревет, е она што го храни нејзиното срце и душа. Меѓутоа, ако тој случајно се обиде да надвладее, ќе биде санкциониран.
Можеби не веднаш, ама жената Скорпија има исклучително памтење и знае дека одмаздата е најдобра кога се служи ладна. Многу е посесивна и љубоморна, така што нејзиниот маж не треба ни да помиси да погледне друга жена, а камоли да размислува за нешто друго, бидејќи таа смета дека треба да биде апсолутен господар на неговото срце.
Стрелец
На жената- Стрелец воопшто не ѝ е тешко да заведе било кој маж, ама таа не игра на картата на својот добар изглед, туку ги намамува со својот ум. Авантуристка, секогаш расположена да испроба нешто невообичаено, со неверојатен темперамент таа е сон за секој маж. За да го пронајде оној вистинскиот, таа може да влезе во безаброј врски, кои најчесто завршуваат бурно, токму поради нејзиниот наглсен темперамент и способноста секому да најде слаба точка. Меѓутоа, кога ќе го најде она што го сака, подготвена е максимално да му се посвети и да му биде верна до крајот на животот.
За среќникот, жената-Стрелец може да биде совршен и убаво спакуван подарок од Бога, ама тој мора да води сметка за своето однесување, бидејќи, во спротивно, сето тоа може да заврши лошо по него. Крајно е нетрпелива, па доколку нејзиниот сакан одолговлекува нешто (а таа сака сега и веднаш), врз него ќе излее цел порој лути и, за една дама, несоодветни зборови. И покрај тоа што можеби не се работи за некоја крупна грешка, кога ќе ја обземе бес таа ја губи контролата врз себе и ја навредува другата страна до изнемоштеност. Од најмали ситници ќе направи драма само ако си помисли дека со нешто е загрозена.Лав
Лавицата е жена на крајности – ако ве љуби, ќе ве обожува. Но ако не, ќе ве мрази од дното на душата. Иако за ј

Пронајдете не на следниве мрежи: