Однадвор крцкав, а одвнатре мек: Сме пробале печен компир на многу начини, но овој е на врвот на скалата!

Феноменално крцкава кора однадвор, а одвнатре мек, ароматизиран со рузмарин.Состојки:
компири средна големина
маст
малку крупна морска сол
малку маслиново масло
1-2 лажици оцет
зачини (рузмарин или др. по желба)
малку бибер
малку лук по желба
путер
Подготовка:
Компирите излупете ги и ставете ги во посолена вода. Нека се варат 10-тина минути. Додека компирите се варат, рерната загрејте ја на 250 степени. Кога компирот ќе биде при крај со варењето, некои 3-4 минути пред крајот, во рерна ставете тепсија со маст за да се стопи, најдобро свинска маст.
Половично сварените компири исцедете ги и веднаш топли префрлете ги во тепсијата со стопената маст. Ставете во рерна да се печат 30 – 40 минути, додека не добијат фина румена боја.
Зачините насецкајте ги и натопете ги со малку маслиново масло. Додадете малку бибер и малку оцет и оставете да отстои.
По желба во ова може да додадете и малку истолчен лук.
Кога компирот фино ќе се зарумени, извадете го и секој од нив малку натиснете го. Тоа најдобро ќе го направите со алатка за гмечење компир.
Така згмечени, секој од компирите премачкајте ги со мешавината маслиново масло и зачини, ставете малку крупна сол и на секој ставете по малку путер.
Вратете во рерна да се запечат уште 15тина минути.
Послужете додека се топли.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
компири средна големина
маст
малку крупна морска сол

Пронајдете не на следниве мрежи: