ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово уште еднаш се најде меѓу училиштата со одобрени апликации за реализација на проекти од областа на стучното образование.Со 5.000 евра обезбедени од страна на Министерството за образование и наука, во партнерство со Апекс Групација ДОО Скопје – Подружница Регент клуб Студеничани ОСУ “Ацо Русковски“ ќе ја реализира активноста “Воспоставување на летни кампови за учење од грант програмата за зајакнување на соработката меѓу училиштата и бизнис зедницата“.
Оваа активност училиштето ќе ја реализира преку Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации финансиран од страна на Министерството за образование и наука за кој беше објавен повик за доделување на средства кон крајот на март оваа година.
Проектот предвидува стручно усовршување и практична настава со учениците од Туристичко – угостителската струка во Берово што ќе допринесе за квалитетот на образованието во нашето средно училиште кое важи за едно од најдобрите средни училишта во Македонија.
Сепак, иако главната цел на градоначалникот на Општина Берово е постојано подобрување на условите во училиштата, советниците од СДСМ кои се мнозинство во Советот на Општина Берово постојано го кочат ова за што пример е нивната одлука од последната седница да не ги прифатат одобрените средства од Еразмус + програмата во висина од 105.000 евра наменети за образовните институции во БеровоСо 5.000 евра обезбедени од страна на Министерството за образование и наука, во партнерство со Апекс Групација ДОО Скопје – Подружница Регент