Масовно посетен беше синоќешниот концерт на КУД “Китка”, кој е дел од културното лето “Три круши 2016” организирано од општина Кисела Вода. Одличните кореографски постановки на Водарки, Драчевка, Тресеница, Источна, Правото, Бовчанското и Пајдушкото, сплетови на игри од Повардарието, кои ова КУД низ своето 48 годишно постоење, ги има прикажано пред публика од поранешна Југославија, од Соединетите Американски Држави, од Италија, Турција, Украина, Швајцарија, Полска, Романија, Бугарија, синоќа ги изведе пред својата публика, од Драчево. Не стивнуваа аплаузите на верско-рекреативниот локалитет Три круши, кој беше исполнет до последното место. Свој придонес во одличната атмосфера дадоа и гостите на КУД “Китка”, вокалните интерпретатори Билјана Булдиоска, Мишел Цветаноска и Спасе Антевски и групата “Ж’тем”.Богатиот репертоар на културни настани од културното лето “Три круши 2016” ќе биде заокружен вечерва. Со целовечерен концерт на Наум Петрески, во 20:30 часот, на Три круши, во селото Драчево, ќе биде затворено годинешното издание на оваа манифестација.Одличните кореографски постановки на Водарки, Драчевка, Тресеница, Источна, Правото, Бовчанското и Пајдушкото, сплетови на игри од Повардарието, ко
Пронајдете не на следниве мрежи: