Вчера, 23.6.2016 година, во Спортскиот центар „Александар Стојчев“ во населбата „13 Ноември“ во Општина Аеродром (зад Мајчин дом) се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал во чест на Александар Стојчев под покровителство на Општина Аеродром и Македонскиот полициски синдикат. На натпреварот учествуваа екипи на ФК „Ново Лисиче“ (прва и втроа екипа), фудбалската школа „Професионал“ и ФК Смилковци“. Во финалето играа екипите на ФК „Смилковци“ и ФК “Ново Лисиче“. Со победа од 2:0 фудбалерите на ФК „Смилковци“ го освоија овогодишниот петнаесетти традиционален турнир во мал фудбал „Меморијал Александар Стојчев“.
Втори беа фудбалерите на ФК „Ново Лисиче“, а трети фудбалерите на ФШ „Професионал“.
Судии на натпреварите беа Филип Николов и Александар Димовски.На натпреварот учествуваа екипи на ФК „Ново Лисиче“ (прва и втроа екипа), фудбалската школа „Професионал“ и ФК См