Одржана 44-та по ред Гоцева Комистка вечер во Канада

И оваа година традиционално беше одбележана 44-та по ред Гоцева Комитска вечер во организација на Обединети Македонци од Канада.Во организација на најстарата македонска иселеничка организација во светот „Обединети Македонци“ од канада, на 6-ти февруари во Торонто се одржа 44-та по ред традиционална „Гоцева Вечер“.

Почесни гости  на свеченоста од Македонија беа професорот Стефан Влахов Мицов како и интерпретаторот на македонски песни во фолклорен дух Спасен Силјановски. Гостин на свеченста исто така беше и почесниот конзул од Тускон Аризона Џејсон Мико.

Свое излагање на вечерта имаа пратеникот во Собранието на Република Македонија за Северна Америка Павле Саздов, пратеникот Зоран Георгиевски, претседателот на Организацијата Обединети Македонци Мендо Бакаловски, Амбасадорот на Р.М. во Канада Тони Димовски, парохискиот свештеник од МПЦ Св. Климент Охридски Илија Донев и претседателот на управниот одбро во Св. Климент Охридски Вера Белчевска.
 Во организација на најстарата македонска иселеничка организација во светот „Обединети Македонци“ од канада, на 6-ти февруари во Торонто

Пронајдете не на следниве мрежи: