По повод верскиот празник Св. великомаченик Георгиј Победоносец (Ѓурѓовден), денеска во црквата во Сингелиќ се одржа манифестацијата „Ѓурѓовденско чествување“. Оваа манифестација се одржува трета година и е дел од Програмата за култура на општина Гази Баба за 2016 година.– Целта на одржување на овој настан е чествување на Св. великомаченик Георгиј Победоносец (Ѓурѓовден), можност за презентација на нашето културно богатство и одржување на вековната традиција, информира општина Гази Баба.
На манифестацијата учествуваа членовите на ЦМФ Митеви и Културно-уметничко друштво од Нови Сад, кои пред големиот број на верници изведоа неколку ора од своите краеви. Градоначалникот Тони Трајковски на присутните им го честита празникот, а на гостите од Нови Сад им посака пријатен престој во општина Гази Баба.– Целта на одржување на овој настан е чествување на Св. великомаченик Георгиј Победоносец (Ѓурѓовден), можност за презентација на нашето култ