Ланец на гигантски комании доаѓаат во Охрид. Германската ОДВ електрик од областа на автомобилската индустрија ќе стартува со работа во средината на месец мај.Станува збор за инвестиција која првично ќе биде лоцирана во постоечки браунфилд објект каде ќе има 100 вработени, додека да се отпочне со изградбата на големиот капацитет од 10 илјади метри квадратни кој во наредните 4 години ќе вработи 1.000 луѓе. А втората компанија ќе обезбеди 800 вработувања.
– Фабриката ќе ја градат на 10 илјади метри квадратни во слободната економска зона Охрид-Струга, која веќе почна да се гради. Ќе инвестираат 15 милиони евра. Беа на повеќе места одбраа дестинација, а тоа е регионот Охрид-Струга. Во текот на наредните неколку месеци ќе ги селектираат првите 100 вработени кои ќе одат на обука во Германија. До крајот на годината ќе го почнат производството и потоа планираат да вработат до 1.000 луѓе, изјави премиерот Груевски, додавајќи оти е добро испитана и понудата за потребниот кадар односно дали ќе имаат доволно кадар на располагање.
Во август ќе започне изградбата на индустриската развојна зона во близина на аеродромот Свети Апостол Павле.
Лудвиг Батон, директор на ODW ELEKTRIK изјави дека произведуваат електрични инсталации за автомобили, како Порше, VW, Мерцедес, BМW и други, а нашите производи, подвлече, ги произведуваме за клиенти како што КСС, TRW, Бош итн.
Во Европа, ODW ELEKTRIK има три производствени капацитети и тоа во Германија, Унгарија и Украина. За дополнителен капацитет за проширување барале локации Молдавија, Белорусија, Србија,Бугарија, но се одлучиле за Македонија.
Причини зошто решивме да инвестираме во Македонија, истакна Батон, се квалификуваната работна сила, добрата индустриска традиција, искуството во индустријата, а друга причина беше одличната поддршка која што ја добивме преку организацијата тука и преку Виктор Мизо.
– Во декември минатата година се одржа автомобиска конференција во Берлин на која што се сретнавме со Виктор Мизо и така започна иницијативата да ја посетиме Македонија. Потоа присуствуваме на македонското роуд шоу во Штудгард и потоа ја посетивме Македонија во неколку прилики, посетувавме градови, инвеститори. Имавме овде состанок посебно во нашето седиште во Германија и сега сме повторно тука во Македонија, изјави Батон.
Инаку Охридско –струшкиот регион со популација од околу 120 илјади жители има потенцијал да биде еден од лидерите за привлекување на инвестиции во Македонија
Извор:kurir.mkСтанува збор за инвестиција која првично ќе биде лоцирана во постоечки браунфилд објект каде ќе има 100 вработени, додека да се отпочне со изградба