Официјален Израел објави видео со македонскиот премиер Груевски

На официјалната Фејсбук страница на Израелскиот премиер е објавено видео од денешната средба помеѓу израелскиот и македонскиот премиер со следниот текст: „Премиерот Бенјамин Нетанјаху со македонскиот премиер Никола Груевски“.За време на средбата е потпишана Декларација за пријателство меѓу Република Македонија и Државата Израел која е од стратешко значење, и која уште повеќе ги зацврстува билатералните односи меѓу двете земји.
Двете земји ги врзува силно партнерство, заемна почит, одлична билатерална и мултилатерална соработка. Меѓу нас нема отворени или спорни прашања. Ние сме долгогодишни пријатели и партнери, истакна на заедничката прес-конференција премиерот Груевски.
Вториот и третиот документ кои денес беа потпишани се Договорот за одбегнување на двојното оданочување и Договорот за промоција и заштита на инвестициите, документи кои се во функција на интензивирање и стимулирање на економската соработка меѓу државите.
 

Prime Minister Benjamin Netanyahu with Macedonian Prime Minister Nikola Gruevski.Video: GPO
Posted by The Prime Minister of Israel on Wednesday, December 9, 2015

За време на средбата е потпишана Декларација за пријателство меѓу Република Македонија и Државата Израел која е од стратешко значење, и к

Пронајдете не на следниве мрежи: