Официјално формирана Регионалната канцеларија за младинска соработка – RYCO

Вчера попладне (04.07) во Елисејската Палата во Париз од страна на премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово беше потпишана Меѓународната спогодба за воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан.Потпишувањето на оваа спогодба се одвива во рамки на одржувањето на Самитот за Западен Балкан кој од 03-05 јули се одржа во Париз, Франција, а започна со потпишувањето на Заедничката Декларација за воспоставување на оваа канцеларија на 27. август 2015 на минатогодишниот самит за Западен Балкан одржан во Виена, Австрија.
На чинот на потпишување како и на целодневните настани за млади учествуваше и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески како претставник на АМС- институција која беше вклучена во работната група од самиот почеток и која ќе ја следи и ќе учествува во работата на оваа канцеларија, по нејзиното официјално воспоставување во Тирана.
Во своето обраќање во воведниот дел на вчерашната младинска конференција, одржана на маргините на Самитот, Спасески истакна дека ова е најважната иницијатива за Западен Балкан во изминатите години, потенцирајќи ги бенефитите кои таа ги нуди за младите.
Канцеларијата за младинска соработка ќе овозможи поврзување и поттикнување на соработката на младите од Западен Балкан.Потпишувањето на оваа спогодба се одвива во рамки на одржувањето на Самитот за Западен Балкан кој од 03-05 јули се одржа во Париз, Франција, а запо

Пронајдете не на следниве мрежи: