Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Европската Одбојкарска Конфедерација /ЦЕВ/, Александар Боричиќ и претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, вчеравечер /2 септември, петок/ официјално го отворија традиционалниот меѓународен турнир во одбојка на песок „2016 CEV BEACH VOLLEYBALL WOMEN SATELLITE SKOPJE“.- Имам чест по седми пат како Градоначалник на Град Скопје да се обратам на отворањето на овој исклучително важен и атрактивен настан за Република Македонија, Меѓународниот Сателит турнир во одбојка на плажа во женска конкуренција. Задоволство ми е да кажам дека во соработка со Одбојкарската Федерација на Македонија, Градот Скопје годинава за првпат овозможува во нашиот град да имаме можност да ги видиме мајсториите на најдобрите женски натпреварувачки во одбојка на песок од Европа. Од вчера до недела, домаќини сме на 26 женски двојки од 16 држави: Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Косово, Холандија, Романија, Србија, Турција и Украина, кои ќе се борат за титулата и за наградниот фонд, кој годинава изнесува 8.000 евра, изјави на отворањето на Меѓународниот турнир градоначалникот Трајановски.
Покрај високиот награден фонд, кој годинава е најголем од сите други организатори на еден официјален меѓународен сателит турнир, големиот интерес на најквалитетните одбојкарки и нивните федерации се должи и на извонредно квалитетна организација на турнирите во изминативе години. Добрата организација беше и причината поради која и влеговме во официјалните календари на Европската Одбојкарска Конфедерација (ЦЕВ) за организација на квалитетните Сателит турнири.
Градоначалникот Трајановски истакна дека минатата година бевме домаќини на машкиот Сателит, годинава на женски, а Градот Скопје се надева дека во иднина ќе ја добиеме и организацијата на Сателит на кој ќе настапат најдобрите и во женска и во машка конкуренција.
-Дозволете ми да подвлечам и дека Градот Скопје, годинава од својот буџет издвои 1.000.000 за организацијата на овој турнир, но и дека нашата поддршка не застанува тука. Оттаму им се заблагодарувам на вработените во сите јавни претпријатија на градот, без чија ангажираност и труд, еден ваков турнир навистина е невозможен. Честитки и за Одбојкарската федерација на Македонија како технички организатор и реализатор на турнирот, со која, како партнер во организацијата ќе стремиме кон уште поголеми успеси во иднина.Ви посакувам спортска среќа, фер-плеј натпревари и добри резултати, но и незаборавен престој, добра дружба и забава во градот на спортот и на солидарноста – Скопје., изјави градоначалникот Трајановски.
Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски истакна дека е многу среќен што со организирањето на овој меѓународен женски сателит турнир на кејот на реката Вардар повторно овој простор кој порано бил плажа на граѓаните на Скопје им нуди забава.
Годинава за прв пат на овој турнир присуствуваше првиот човек на европската одбојка, претседателот на Европската Одбојкарска Конфедерација /ЦЕВ/, Александар Боричиќ, кој во име на ЦЕВ изрази задоволство што заедно со Градот Скопје и Одбојкарската федерација на Македонија го организирале овој женски турнир и надеж дека следната година ќе организираат и машки и женски турнир во Скопје.
Турнирот, кој почна на 1 септември, ќе заврши на 4 септември, недела, кога ќе се одиграат и полуфиналните и финалните натпревари на веќе познатата локација во градскиот парк покрај кејот на реката Вардар.
– Имам чест по седми пат како Градоначалник на Град Скопје да се обратам на отворањето на овој исклучително важен и атрактивен настан за Репу