Меѓународен тим од 23 научници одлучи да ја оцени работата на Кристофер Марлоу по драмите на Шекспир доволно темелно, за да биде прогласен Марлоу како коавтор во претстојните изданија на Шекспировите дела, објави „Индипендент“.Името на Марлоу ќе биде внесено на насловните страници на првиот, вториот и третиот дел на „Хенри VI“ при нивното издавање од „Оксфорд јуниверсити прес“овој месец.
Авторството на Шекспир е предмет на дебати и макар да се негира теоријата дека Кристофер Марлоу е всушност самиот Бард, новата студија вклучува традиционална текстуална анализа и компјутерски алатки и открива дека допринесот на Марлоу е поголем од наведениот.
– Утврдивме дека присуството на Марлоу во драмите на Шекспир е доста силно и јасно изразено – вели тимот од научници од Универзитетот во Флорида, Шекспировиот институт при Универзитетот во Бирмингем, Универзитетот на Индијана и Универзитетот „Де Монтфорт“.
Се проценува дека 17 драми на Шекспир биле преработени од други уметници.Името на Марлоу ќе биде внесено на насловните страници на првиот, вториот и третиот дел на „Хенри VI“ при нивното издавање од „Ок