Во просториите на општина Берово се одржа состанок на Управнот одбор на ОФК „Малеш“ во проширен состав, на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Берово Драги Наџински.На состанокот пред управниот одбор беа презентирани активностите кои беа преземени во 2015 година, а се разговараше и за функционирањето на фудбалскиот клуб во наредниот период и одигрувањето на натпреварите од пролетниот период од сезоната 2015/2016.
Во голема мера функционирањето на клубот е овозможено благодарение на заложбите на градоначалникот кој при влегувањето во официјалната лига на натпревари донираше нова опрема за сите играчи и фудбалски топки.
ОФК „Малеш“ е здружение на граѓани формирано во почетокот на 2015 година и е зачленето како полноправен член на ОФС Кочани и се натпреварува во Општинската фудбалска „А“ лига Кочани во која се пријавени 7 екипи.
Во есенскиот дел од натпреварувачката 2015/2016 година се одиграни 6 натпревари каде ОФК „Малеш“ е без ниту еден пораз и е на врвот на табелата со 18 бодови и најдобра гол разлика од 29 постигнати и само 3 примени голови.
Со ова, клубот во пролетниот дел од сезоната ќе се бори за влез во Трета лига – исток, за што има реални можности. Клубот има и своја навивачка група „Иљови внуци“ која брои околу 40 членови.На состанокот пред управниот одбор беа презентирани активностите кои беа преземени во 2015 година, а се разговараше и за функционирањето на фудбалс