Оган, земја, вода, воздух – каде припаѓате според хороскопот?

Дванаесетте хороскопски знаци, се поделени во четири групи: Оган, земја, вода и воздух. Секоја група односно елемент има свое посебно значење и карактеристики што се манифестираат на знакот.
Сите елементи работат соодветно еден со друг за да се одржи рамнотежата.
Погледнете во која група спаѓа вашиот знак.
Оган – Овен, Лав, Стрелец
Луѓето кои припаѓаат на овие знаци се спонтани, импулсивни и страствени. Во многу ситуации знаат да бидат избувнливи и брзо да реагираат и донесуваат заклучоци. Огнот ја претставува енергијата и моќта на овие знаци, кои доста ја изразуваат на виделина.
Земја – Бик, Девица, Јарец
Овие знаци реагираат тивко и полека, а издржливоста им е силна страна. Промените ги прифаќаат бавно, а емоциите им се вкоренети длабоко во нив. Во многу ситуации се практични и работите ги гледаат доста реално.
Воздух – Близнаци, Вага, Водолија
Најчесто се далеку од реалноста, но се доста напредни и брзи во размислувањето. Овие знаци се доста комуникативни, а со своите идеи секогаш лебдат во воздухот. Воздухот ја претставува идејата и причината. Тие секогаш сакаат да дознаваат нови работи и да стекнуваат многу нови искуства.
Вода – Рак, Шкорпија, Риби
Овие знаци се доста емотивни и најчесто ги чувствуваат емоциите и чувствата на луѓето околу нив. Тие пливаат носени од емотивните таласи, и се поврзуваат преку своите чувства. Водата е таа која ги претставува душата, емоциите и чувствата.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Дванаесетте хороскопски знаци, се поделени во четири групи: Ог

Пронајдете не на следниве мрежи: