Обука на невработени лица кај занаетчии на стари занаети е новата меркана Владата на РМ која денеска ја најави заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата Роберт Ценевски занаетчија-лимар во скопското село Стајковци.
– Рачно изработените производи, произведени од занаетчиите имаат голема вредност. Тоа се македонски производи што се приоизведени од рацете на овие луѓе кои имаат поголема вредност и познат квалитет, истакна Спасов.
Информира дека за обуката се обезбедени средства за обучувачите односно за занаетчиите по 30.000 денари од обучено лице. Обуките ќе траат до шест месеци, додека невработените лица кои ќе посетуваат обука ќе добијат по 6.200 денари месечно за храна, превоз и осигурување за повреда при работа.
– Најуспешните или оние занаетчии кои ќе сакаат да се самовработат, оние кои ќе ги завршат успешно обуките ќе добијат сартификат за завршена обука. Оние кои ќе имаат идеја за вработување ќе бидат вклучени во програмата за самовработување односно ќе им биде доделен грант од 200.000 денари за првите 20 обучени лица, појасни Спасов.
Директорот на Агенцијата за вработување на Македонија Влатко Поповски нагласи дека оваа мерка Агенцијата ја применува поради, како што рече, потребата од старите занаети кои се барани на пазарот, како што се лимари, јорганџии, бочвари… коишто изработуваат предмети барани од населението.
– На обуките можат да се пријават сите невработени лица кои се евидентираат во АВРМ и доволно е само да поднесат апликација. По нејзиното разгледување ќе се склучи договор со комората и со изведувачите на обука, а потоа ќе започнат самите обуки, појасни Поповски.
Напомена дека во оваа мерка можат да се приклучат и корисниците на социјална парична помош со тоа што, помошта, додека трае обуката нема да се укине и ќе остане во важност се додека лицата кои се обучуваат не одлучат да отворат сопствена компанија или да се вработат.
Според лимарот Ценевски, од неговиот занает добро се заработува. Тој како лимар работи четири години, а со бизнисот започнал со грант-средства за почнување сопствен бизнис од Агенцијата, и досега вработил неколку мајстори.
– Имам потреба од работници, но тешко се наоѓаат лица за оваа работа. Постари има, но нас ни требаат млади за да ги обучиме, додаде Ценевски и додаде дека ќе се вклучи во новата мерка на Владата и дека секој мајстор кај него ќе може да обучи по две-три лица.
Огласот е објавен на веб страната на АВРМ, а пријавувањето ќе трае до 30 април 2016 година. Обуките се однесуваат на старите занаети: ковачи, јорганџии, стаклари, лимари, оџачари и бочвари.
– Рачно изработените производи, произведени од занаетчиите имаат голема вредност. Тоа се македонски производи што с