Огнот во Лисиче проголта куќи, семејства на улица

Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот кој вечерва пред 22 часот избувнал во скопската населба Лисиче.Според првичните информации на КУРИР, пожарот зафатил две куќи, кои изгореле до темел.
На терен се интервенирало со 7 противпожарни возила.
Имало и возило на Брза Помош, иако според се уште неофицијалните информации, нема повредени, бидејќи луѓето кои живееле во куќите излегле кога забележале оган.
Како што претходно информираше Курир, осумчлено смејство, со две мали деца, вечерва остана без кров над главата. Пламените јазици ја проголтаа нивната куќа лоцирана на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.
На пожарот, како што дознаваме, му преходел силен звук- пукање, кој ги вознемирил жителите на населбата во општина Аеродром.
Пожарот избил околу 22 часот, а очевидци за Курир велат дека две куќи се изгорени до темел, но за среќа нема повредени.Според првичните информации на КУРИР, пожарот зафатил две куќи, кои изгореле до темел.
На терен се интервенирало со 7 противпожарни возила.

Пронајдете не на следниве мрежи: