Кон планетата Земјата се движи огромен астероид со дијаметар 2,7 километри. Астероидот со назив 1998 QE2 е девет пати поголем од најголемиот брод во светот, објави Discovery.
Иронично овој брод носи името Queen Elizabeth 2, но името на астероидот нема никаква врска со него. Кодот QE2 се користи од астрономите на Кембриџ Универзитетот за означување на неодамна откриени астероиди. Пред кодот стои бројката 1998 – тоа е годината кога е откриен астероидот.
НАСА пресмета дека нема да има судир на Земјата со огромниот камен. На први јуни тој ќе ќе прелета на растојание 6 милиони километри од нашата планета. За споредба: Земјата и Месечината се 15 пати поблиску една до друга.
Впрочем научниците сепак одлучиле да се осигураат и се подготвуваат да го проучат подетално чудниот гостин со телескоп кој е поставен во калифорниската пустина Мохаве, а и припаѓа на опсерваторијата Голдстоун. Астрономите ќе се обидат да разјаснат точната форма и хемискиот состав на астероидот, и најважно – неговата орбита. По 200 години истражувачите очекуваат враќањето на 1998 QE2 и тогаш овие информации ќе бидат многу корисни.
Додека со астероидот 1998 QE2 горе-долу на астрономите се им е јасно, другите два: Апофис и 1999 RQ36К предизвикуваат проблеми. Првиот ќе се приближи до Земјата на релативно кратко растојание – 36 000 километри, во 2029 година, а вториот ќе дојде уште поблиску во 2182-ра. Според научниците овие “скитници” може да се опасни за нашата планета.Кон планетата Земјата се движи огромен астероид со дијаметар 2,7 километри. Астероидот со назив 1998 QE2 е девет пати поголем од н