Околу 300 активно невработени лица денеска присуствуваа на отворениот ден на Агенцијата за вработување.Тим составен од претставници на центарот за промовирање на активни мерки за вработување од Агенцијата и раководителот на општинскиот Центар за вработување, Тихомир Пауновски, на невработените лица од најразлични возрасти категории и квалификациони профили, како и поголема група на локални работодавачи, непосредно им ги презентираа и објаснија актуелните и новите активни мерки за вработување што ги спроведува владата на Република Македонија, известуваат од Општина Демир Хисар.
На првата сесија од денешното кариерно советување и презентирање на мерките на коешто присуствуваа над 60-ина млади невработени лица присуствуваше и градоначалникот Љупчо Блажевски кој зборуваше за напорите што ги вложува локалната администрација во смисла на создавање поволни услови за инвестирање во општината и отворање на нови работни места.
Покрај другото тој додаде, дека на повидок се иницијативи за инвестирање во општината во новата мини индустриска зона, како и најави на потенцијални инвеститори за рестартирање на производство во капацитетите на поранешна „Застава“, новиот регинален архив којшто е во завршна фаза, но и најавите на турски бизнисмени за инсталирање на технологија за производство на сушени зеленчук и овоштие во просториите на сопотничкиот задружен дом.
Инаку, во општинскиот Центар за вработување во моментов се евиднтирани околу 1050 активни баратели на работа.
Последно вработување на поголема група невработени лица се случи во 2013-та кога во погонот на познатата руска компанија за производство на балетанки „Гришко“, се вработија околу 80 лица.Тим составен од претставници на центарот за промовирање на активни мерки за вработување од Агенцијата и раководителот на општинскиот Центар за враб