Општина Охрид застанува зад целосната техничка организација на 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржува оваа сабота во водите на Охридското Езеро, а со цел овој најпознат спортски настан во државава да го сочува препоазнатливиот сјај и заслуженото место на светската спортска мапа.
Градоначалникот Никола Бакрачески кој трета година по ред максимално се залага за беспрекорната организација на маратонот на денешната прес конференција подвлече дека учеството на општината во организацискиот дел е неопходно ако се земе во предвид дека на спортски план овој настан е најдобар промотор за Охрид.
-За таа цел, како и претходните години градот Охрид ги ангажира и мобилизира сите можни институции кои што се надлежни за организација на една ваква престижна спортска манифестација. И оваа година заедно со Сојузот на спортови на град Охрид и кајак кану едриличарскиот клуб “Стрмец”, градот ќе биде вклучен во техничката организација на 30то јубилејно издание на маратонот . Покрај тоа, како и другите години ќе бидат ангажирани и други институции , локални и државни од градот. Ќе бидат ангажирани медицински екипи од Заводот за кардиоваскуларни заболувања , тука се јавните претпријатија на град Охрид кои ќе се погражат за техничкиот дел на организација на маратонот како и за организација на културно забавниот дел кој ќе се одвива на грдското пристаниште. Секако тука ќе биде и беспрекорната организација во делот на движење на чамците, бродовите, катамараните и сите пловни објекти кои ќе бидат ангажирани за пливачите и за останатиот дел од екипите , судиите и претставниците на ФИНА. За забавниот дел годинава ќе се погрижи групата “Билјана јуниор” од Охрид – посочи градоначалоникот Бакрачески и додаде дека и годинава Охрид ќе се претстави во најдобро светло пред светската пливачка јавност.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, истакна дека Охридскиот пливачки маратон е најдобар промотор на Охрид и Република Македонија во меѓународни рамки.
-Влогот на многумина во изминативе триесет години придонесе и градот и државата да бидат промовирани на светската спортска пливачка сцена, оставајќи траен белег во спортот и во таа насока Агенцијата за млади и спорт во континуитет е најголемиот покровител и финансиски поддржувач на оваа манифестација. Од буџетот на Агенцијата обезбедивме 400 илјади денари , за одлична организација на овој јубилеен 30ти Охридски маратон- рече Спасески, додавајќи дека во екот на Олимписката година и Олимписките игри градот Охрид повторно ќе биде во центарот на вниманието на светската пливачка јавност.
Јане Карајованов од Пливачката Федерација на Макеоднија, изрази благодарност до Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт за поддршката при целата организација на ова јубилејно маратонско издание.
-Втора година по ред бројката на пливачи не е каква што бевме навикнати да ја гледаме во Охрид, но тоа е поради фактот што годинава се оржува Олимпијадата во Рио. Сепак тоа не ја намалува силината на Охридскиот маратон и желбата на другите пливачи да настапуваат на него. Оваа година го имаме како фаворит Евгениј Поп Ацев, кој верувам дека ќе ја повтори победата од ланската година. Сите пливачи што се тука се дел од ФИНА светската серија веќе неколку години по ред, така што ќе очекуваме одлична трка. ФИНА секоја година со највисоки оценки го оценува Охридкиот маратон и дава посебно место во самата програма на целата таа светска организација, потенцира Карајованов.
Годинава патеката “Климе Савин”, долга 30 км ќе ја препливаат 18 маратонци од кои 9 во машка и 9 во женска конкуренција.
Меѓу пливачите е и минатогодишниот победник Евгениј Поп Ацев кој е фавориот и оваа година. Покрај Евгениј, во машка конкуренција ќе учествуваат и македонците, Томи Стефаноски и Александар Илиевски, аргентинците Акуилес Балаудо и Блаум Дамаин, италјанецот Сточино Едоардо, бразилецот Евангелиста Матеус и германецот Пистор Симон.
Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат чехињата Силвие Рибарова, русинките Килик Дариа и Олга Козудуб, аргентинките Гарсија Рита Ванеса, Пилар Геијо и Викторија Мори, хрватката Дина Левачич, италјанката Елена Лионело и венецуелката Вичениа Наваро.
Стартот на маратонот во сабота е закажан за 12 часот од манастирскиот комплекс Св. Наум, а пристигнувањето на првите маратонци се очекува да биде околу 17 часот на градското пристаниште.
Општина Охрид ги повикува сите охриѓани, гости и туристи во сабота попладне да бидат на градското пристаниште со цел да ја дадат поддршката на маратонците и да бидат дел од јубилејното маратонско издание.
Наградниот фонд на маратонот годинава е 10 илјади долари.
Извор: www.ohrid.gov.mk
Градоначалникот Никола Бакрачески кој трета година по ред максимално се залага за беспрекорната организација на ма