Сите основни и средни училишта без проблем подготвени ја започнаа новата учебна година. Има услови за беспрекорно одвивање на образовниот процес во сите од нив, а годинава во училишните клупи седнаа и поголем број првачиња. Ова беше заклучено на работниот состанок на Градоначалникот Никола Бакрачески и директорите на охридските училишта е училишта кои му реферирано на градоначалникот за остварените активности кои ги спровеле во летниот, подготвителен период.-Во сите основни и средни училишта извршено е варосување, санација на подови, тоалети, уредување на дел од кабинетите во некој од нив. Извршена е и санација по наша препорака во осветлувањето на училишните дворови, каде што светилките биле прегорени или оштетени, набавени се и нови спортски реквизити. Како поголеми инвестиции кои во моментов се изведуваат се привршувањето на кровот на ОУ Григор Прличев, таму е опремен и еден кабинет по Биологија. Реконструкцијата беше изведувана по програма од Министерството за образование и наука, а опремувањето на кабинетот е обезбеден со средства од Германската амбасада и дел средства од Локалната самоуправа. Во ОУ Св.Климент Охридски изградено е едно детско игралиште и во тек е реконструкцијата на изградбата на повеќенаменско спортско иргалиште. Во ова училиште за децата со посебни потреби е опремена една наменска соба која што во голема мера ќе придонесе за унапредување на процесот на образование и воспитание на децата од оваа група, рече градоначалникот Бакрачески
Посебно задоволство градоначалникот изрази од сработените активности од страна на училиштата, со цел подобрување на просторните услови на учениците. Притоа како што истакна градоначалникот, наставниот процес не треба да биде одвоен од воспитниот процес.
-Тоа беше и една наша препорака и кон директорите на училиштата во Охрид, дека воспитниот процес не може да трпи, туку треба да се спорведува паралелно со образовниот процес, бидејќи за градење на едно здраво општествено ткиво во заедницата, двата процеси мора да бидат внимателно и одговорно спроведувани од страна на воспитувачите, наставниците и менаџерските тимови на училиштето,истакна градоначалникот Бакрачески.
Градоначалникот изрази задоволство од зголемениот број на запишани првачиња оваа година, а секако им посака успех на сите ученици на почетокот на оваа учебна година.
-Оваа година се запишани нешто помалку од 7 илади ученици во основните и средните училишта во Охрид, од кои 5 илјади во основните училишта и околу 2 илјади во средните училишта, од кои 540 се првачиња или 394 нови средношколци. Она што особено радува на средбата со директорите на основните и средните училишта , дека во глобала имаме благ пораст на бројот на ученици во основните и средните улчилишта. Особено радува бројот на прваиња во ОУ Св Климент Охридски во Охрид и на подрачното ОУ Григор Прличев во Рача. Тој податок навистина охрабрува и дава надеж дека бројот на деца во основните и средните училишта во Охрид веројатно ќе расте, истакна градоначалникот Бакрачески.
Локалната самоуправа од Охрид и во наредниов период ќе го даде најдоброто од себе за адекватно да ги координира активностите со училиштата со цел со заеднички сили да се работи на брзо отстранување на сите проблеми кои ги тиштат основните и средните училишта во општината.-Во сите основни и средни училишта извршено е варосување, санација на подови, тоалети, уредување на дел од кабинетите во некој од нив. Извршена е и