Охриѓани порачаа: Подготвени сме да ги браниме сувереноста и интегритетот на Македонија

Граѓани на Охрид и попладнево се собраа на марш низ улиците на градот, како дел од собирите што се организираат низ земјата во рамки на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.Тие на тој начин ја изразија својата решеност да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на државата, одбрана на Уставот на Македонија и суштината на вредностите на општеството.
– Еве 37-ми ден како граѓаните излегуваат за да се спротистават на СДСМ и нивните помошници, мешетарите однадвор. Подготвени сме во секој момент да го браниме Уставот, сувереноста и интегритетот на нашата држава и се она што ја карактеризира Македонија како држава, порача во име на протестантите Трајче Крстаноски.
Вообичаено протестот почна на плоштадот кај охридската гимназија, потоа низ улиците на градот заврши на централниот градски плоштад „Свети Климент Охридски“.Тие на тој начин ја изразија својата решеност да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на државата, одбрана на Уставот на Македонија и с

Пронајдете не на следниве мрежи: