Охриѓани сеуште ја чекаат исплатата за штетите од земјотресите

Иако поминаа веќе 8 месеци, ветената исплата за штетите настанати при земјотресите во јули, сѐ уште не е стигната до охриѓани. Од Владата велат дека сѐ уште не била формирана републичката Комисијата за проценка на штети, која треба да го разгледа елаборатот кој го изработи општинската комисија за елементарни непогоди.- Комисијата која одлучува за штети е разрешена и во наредниов период кога ќе бида назначени нови членови ќе ве информираме дополнително – изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Граѓаните се скептични дека ќе добијат помош од државата. Некои успеале да го реновираат она што било оштетено, други пак се уште живеат со последиците од земјотресот или пак престојуваат кај нивни роднини.
„Нема никаква помош. Сега поради тоа останав ни горе ни долу. Пријавено е помина комисијата. Од скопската комисија нема ни трага ни глас. Имав големи оштетувања и во ходникот, собите и купатилото. Се е партали направено. Разочарана сум, премногу сум разочарана. На никој не му е гајле, за народот како живее што живее“, вели Лидија Башиќ, сопственик на оштетен објект.
„Ниту ми се јави некој ниту пак имам земено некој денар. Си ја подмирив штетат сам. Тие средства кај се завршени што се завршени не знам. Штетата беше околу 14.000 денари. Само ветувања на хартија, но мислам дека нема ништо да се добие“, рече Драган Доневски, сопственик на оштетен автомобил.Во Охрид има голем број објекти чии што оштетувања се од 4 – та и од 5 – та категорија.
„До денеска немаме информации од Влада дали ќе се обесштетат и во кој процент ќе биде обештетувањето. Секојдневно идат граѓаните и јас ги известувам дека чекам одговор од владата. За 15 објекти професорите од ИЗИС забранија да се живее. Некои веќе одат кај роднини и пријатели. Имам и такви најави од тие граѓани“, изјави Раде Вељаноски, општинска комисија на проценка на штети.
Инаку до општинската Комисија за проценка на штети пристигнаа 862 барања и беше утврдена штета во висина од околу еден милион евра.- Комисијата која одлучува за штети е разрешена и во наредниов период кога ќе бида назначени нови членови ќе ве информираме дополнително – изјави п

Пронајдете не на следниве мрежи: