ОЈО побара притвор за скопјанецот кој изработувал и продавал фалсификувани исправи

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за скопјанецот кој пет години изработувал фалсификувани исправи и ги продавал за 1.000 до 6.000 денари, случај за кој вчера соопшти МВР.– По примена кривична пријава Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за сторени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378 и Изработување и набавување на оружја и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 од Кривичниот законик, соопшти денеска ОЈО.
Осомничениот откако набавил предмети – соодветна опрема за кои знаел дека се наменети за извршување на кривично дело со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело – Фалсификување на исправа.
– Во периодот од 2012 до 2017 година осомничениот изработувал разни јавни исправи со невистинита содржина и тоа, лични карти, возачки дозволи, свидетелства за завршено средно образование, судски решенија, пресуди, договори за купопродажба на моторно возило, медицинска документација и слично. Исправите ги изработувал на лажни обрасци, како да се издадени и заверени со печат и потпис од државни и јавни институции од државата. Целта била фалсификуваните јавни исправи натаму да се користат од страна на наши државјани и странци, како вистинити во правниот промет во Република Македонија и во странство, се вели во соопштението објавено на веб страницата на ОЈО.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување на истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.
Од МВР вчера информираа за случајот и соопштија дека станува збор за А.М. (60) од Скопје. – По примена кривична пријава Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за сторени кривични дела – Фал

Пронајдете не на следниве мрежи: